Достапни линкови

Штуловиот Универзитет доби „штедлива“ зграда


Еко зградата во Тетово
Еко зградата во Тетово

Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово неодамна доби „интелегентна“ зграда. Со новата зграда ќе се штеди енергија и ќе се заштитува животната средина.

Во рамките на проектот „Иновација и законска регулатива за одржлив развој", реализиран од Министерствата за животна средина и просторно планирање на Италија и Македонија, на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово од неодамна започна да фукнционира новата зграда за екологија, или пак, како што уште ја нарекуваат интелигентна зграда.
Интелегентна зграда, односно одржлива енергетска зграда се нарекува поради работите кои се досега донирани од италијанската влада, инсталирана е техника за производство на алтернативна енергија која ја намалува емисијата на CO2, одржлива затоа што сами произведуваме енергија која е потребна за оваа зграда.
Муртезан Исмаили, директор на Институтот за животна средина и здравје при Универзитетот на Југоисточна Европа.

Проектите како овој се многу важни за заштита на животната средина која, пак, е од битен интерес, не само за Македонија, туку и за регионот, смета министерот за животна средина и просторно планирање, Абдулаќим Адеми.

„Со вакви проекти ние на директен начин придонесуваме во имплементацијата на нашиот акционен план за климатски промени кој план е усвоен од страна на Владата, меѓутоа исто така е обврска на Македонија.“

За ректорот на Универзитот на Југоисточна Европа, Замир Дика ова е голем успех и напредок во воведување високи мерки за енергетска ефикасност и технологии.

„При реализација на овој проект овие три години ние успеавме да вградиме во нашиот академски истражувачки живот, во Универзитетот, експертиза која ќе биде многу важана за промовирање на ваквите иницијативи на национално, па и на регионално ниво.“

Еко-зградата или интелигентната зграда многу ќе придонесе за заштеда на енергенси и заштита на животната средина, вели Муртезан Исмаили, директор на Институтот за животна средина и здравје при Универзитетот на Југоисточна Европа.

„Интелегентна зграда, односно одржлива енергетска зграда се нарекува поради работите кои се досега донирани од италијанската влада, инсталирана е техника за производство на алтернативна енергија која ја намалува емисијата на CO2, одржлива затоа што сами произведуваме енергија која е потребна за оваа зграда.“

Инаку, долгорочна цел на Универзитетот на Југоисточна Европа е да стане водечки центар за енергетика и животна средина во целиот балкански регион.
XS
SM
MD
LG