Неделен печат - Зошто странците се „попустливи“ кон власта?

Неделниците анализираат зошто странските дипломати почнаа да користат помека реторика кон власта и кон премиерот Груевски.
Глобус - Зошто еврокомесарот за проширување стана ’симпатизер‘ на Груевски?
Што се случува на релацијата Скопје - Брисел? Зошто еврокомесарот за проширување стана ’симпатизер‘ на Груевски? Зошто Филе е мек како памук откако шефица за евроинтеграциите е Теута Арифи? Дали Филе навестува некој план Б на ЕУ кога нагласува дека е импресиониран од реформите на властите во Скопје? Дали еврокомесарот навестува дека Македонија и Грција ќе постигнат брз компромис? Постои ли некој напредок што допрва ќе се обелодени? Конечно, зошто Филе е толкав оптимист за државата која веќе се здоби со стигмата ’вечен‘ кандидат?
Глобус.

„Што се случува на релацијата Скопје - Брисел? Зошто еврокомесарот за проширување стана ’симпатизер‘ на Груевски? Зошто Филе е мек како памук откако шефица за евроинтеграциите е Теута Арифи? Дали Филе навестува некој план Б на ЕУ кога нагласува дека е импресиониран од реформите на властите во Скопје? Дали еврокомесарот навестува дека Македонија и Грција ќе постигнат брз компромис? Постои ли некој напредок што допрва ќе се обелодени? Конечно, зошто Филе е толкав оптимист за државата која веќе се здоби со стигмата ’вечен‘ кандидат? Ова се дилемите на авторот на колумната „Од дистанца“ во најновиот он-лајн Глобус преку кои, како што смета авторот, треба да се соочиме со вистината дека уште една претстава се изведува симултано и во Скопје и во Брисел.

Средба на претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски со генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун.


Фокус - Што може Западот да му гарантира на Груевски

„Што може Западот да му гарантира на Груевски“ е прашањето што го поставува и уводничарот на Фокус кој исто така е заинтригиран од комплиментите што странците во последно време му ги даваат на Груевски, за кои како што пишува авторот, премиерот ниту можел да ги сонува. А во политичките кулоари од поодамна се врти приказната дека Мијалков е доброто, а Груевски лошото момче во спорот со Грција - демек, првиот е за компромис, ама братучедот не попушта по никоја цена, додава авторот. Како и при посетата на Бан Ки-мун, кога наводно, премиерот барал гаранции дека ќе останел на власт и по „предавството“. Но зарем е можно токму тој да биде последниот наивко кој верува во такво нешто, особено по „гаранциите“ што Холбрук му ги даде на Караџиќ? - прашува Фокус.

Граѓански - Филе се обидува да ја охрабри Македонија

Еден вид одговор на дилемите околу позитивните сигнали на Западот кон актуелната власт во Македонија дава интервјуто со Корина Стратулат, експерт за Балканот во Центарот за европски политики во Брисел, во Граѓански. Имено, таа смета дека со помеките тонови што ги испраќа Штефан Филе, Европската комисија се обидувала да ја охрабри и мотивира Македонија за да ја вратела на патот на европската интеграција. Македонските политичари се задолжени за иднината на земјата, додава европскиот експерт, а не Европската унија. Унијата може да помага, но работата треба да си ја зврши Македонија.

Капитал - Зошто македонските производи ги нема на полиците на супермаркетите

И од Капитал за економијата: Во најновиот број, неделникот анализира зошто македонските производи ги нема или ги има во минорно присуство на полиците на супермаркетите. Тој факт го отсликува не само статистички евидентираниот трговски дефицит од една милијарда евра за пет месеци, туку и пасивноста на најголем дел од македонските компании во освојувањето место на пазарот, заклучува, покрај другото, Капитал.