Премиерот Груевски во наредниве месеци ќе се воздржува од какви и да е коментари во врска со спорот за името, информираа денеска од неговиот кабинет со цел, како што појаснуваат, да не се остави простор неговите изјави да бидат злоупотребувани од страна на поединци и политичари во Грција.
Со ваквиот гест, се вели во соопштението, би сакале да ставиме крај на играта на обвинувања која што нашиот јужен сосоед упорно ни ја наметнува. Истовремено, Груевски го повикува грчкиот премиер Самарас на средба во кој било термин и на која било локација.
Два дена по посетата на генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун на Скопје, на директни средби Скопје и Атина ги повика и Стејт департментот. Помошник државниот секретар на САД Мајк Хамер ги поддржа изјавите на Бан Ки-мун дека постои потреба да се засилат напорите и прашањето да се реши на краток рок, како и неговите најави дека лично ќе побара од грчкиот премиер Андонис Самарас да ја прифати македонската покана за разговори на високо ниво.
Оттаму и најавите дека при посетата на помошникот државен секретар на САД Филип Гордон на Атина ќе биде отворено прашањето за името.
Очигледен е зголемен притисок од страна на САД како и од останатите меѓународни фактори врз двете страни да ги засилат напорите за надминување на спорот, велат дел од македонските експерти. Причината за сето тоа лежи во зголемената загриженост за безбедноста на Балканот, но и во глобален контекст, вели професор Мирјана Малеска.
„Во контекст на една зголемена воопшто загриженост за стабилноста, за сопствената стабилност и безбедност и во исто време загриженост особено тука за Балканот, во контекст на таа борба против тероризам.“
Од друга страна, како што велат експертите, не може да се очекува никакво посредништво од САД за да може тоа дијаметрално да ги смени состојбите со спорот.
„Затоа што јасни се и позициите на нашата државна политика, а јасни се и позициите на официјалната политика на Атина. Затоа што и компромисот тешко се наоѓа, како да нема волја и од наша страна, а од нивна страна апсолутно нема волја“, вели професор Осман Кадриу.
И покрај сите изјави и повици поддршката и степенот на посредништво останува иста како и до сега, додева Малеска.
Во контекст на една зголемена воопшто загриженост за стабилноста, за сопствената стабилност и безбедност и во исто време загриженост особено тука за Балканот, во контекст на таа борба против тероризам.Мирјана Малеска, универзитетски професор.
Со ваквиот гест, се вели во соопштението, би сакале да ставиме крај на играта на обвинувања која што нашиот јужен сосоед упорно ни ја наметнува. Истовремено, Груевски го повикува грчкиот премиер Самарас на средба во кој било термин и на која било локација.
Два дена по посетата на генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун на Скопје, на директни средби Скопје и Атина ги повика и Стејт департментот. Помошник државниот секретар на САД Мајк Хамер ги поддржа изјавите на Бан Ки-мун дека постои потреба да се засилат напорите и прашањето да се реши на краток рок, како и неговите најави дека лично ќе побара од грчкиот премиер Андонис Самарас да ја прифати македонската покана за разговори на високо ниво.
Затоа што јасни се и позициите на нашата државна политика, а јасни се и позициите на официјалната политика на Атина. Затоа што и компромисот тешко се наоѓа, како да нема волја и од наша страна, а од нивна страна апсолутно нема волја.Осман Кадриу, универзитетски професор.