Секогаш има начин ако постои волја, вели еврокомесарот за проширување Штефан Филе на прашањето на дописникот на Радио Слободна Европа, Рикард Јозвиак во Брисел во врска со тоа дали Европската унија работи во процесот на изнаоѓање решение за името особено сега кога Грција се соочува со економските проблеми.
„Се надевам дека има волја кај двете страни, бидејќи постои разбирање дека процесот е под некои услови кои треба да се исполнат за земјата да ги почне преговорите кои се препорачани од Европската комисија. Во исто време консезусот меѓу земјите членки што е постигнат за ова прашање не може да продолжи засекогаш.“
Наведувајќи дека Македонија со години е кандидат за членка и има препорака за почнување пристапни преговори.
„Проширувањето е процес. Тешко во тој процес да и кажете на некоја земја - вие ќе чекате тука. Тоа ќе има последици за реформите во земјата, како и за целиот регион. Многу се надевам дека политичарите во Скопје и во Атина тоа го знаат и оти ќе бидат способни да ја направат вистинската работа и да постигнат решение и да не дозволат оваа чудна ситуација да продолжи и натаму. Тоа не значи дека ние седиме со скрстени раце. Им држам палци на политичарите да бидат храбри и посветени да постигнат такво компромисно решение“, вели Филе.
Тој изразува импресионираност во врска со дијалогот на виско ниво меѓу Скопје и Брисел.
„Годинава почнавме дијалог на високо ниво и импресиониран сум од властите, особено од посветеноста на премиерот Груевски за овозможување на реформскиот процес во клучните области. Имам надежи во врска со овој дијалог на високо ниво, веќе имавме две рунди, а во септември ќе одам во Скопје на третата рунда“, вели Штефан Филе, кој додава дека ваквите напори и од страна на Скопје би требало да бидат нотирани и во Атина
„Јас гледам менување на извесни работи. Гледам дека дел од националистичката реторика повторно е заменета со агенда на Европската унија што е добро. Гледам обновена интенција кај Македонците за приближување кон Европската унија. Се надевам дека тоа ќе има позитивен импакт во самата земја, но јас верувам дека тоа би требало да биде забележано во Атина од сите Грци дека постојат напори во ПЈРМ и тоа треба да се рефлектира кај нив во барањето решение за прашањето за името. Се надевам дека тоа решение ќе биде најдено годинава, бидејќи на тоа ќе има адекватна реакција од шефовите на државите на Европската унија за позитивна одлука за почеток на пристапните преговори“, наведува за РСЕ, еврокомесарот за проширување Штефан Филе.
Тој додава дека во Македонија се повеќе се сфаќа дека станува збор за долг процес полн со реформи, не во корист на Брисел, туку во полза на сите граѓани.

Јас гледам менување на извесни работи. Гледам дека дел од националистичката реторика повторно е заменета со агенда на Европската унија што е добро. Гледам обновена интенција кај македонците за приближување кон Европскта унија. Се надевам дека тоа ќе има позитивен импакт во самата земја, но јас верувам дека тоа би требало да биде забележано во Атина од сите грци дека постојат напори во ПЈРМ и тоа треба да се рефлектира кај нив во барањето решение за прашањето за името. Се надевам дека тоа решение ќе биде најдено годинава