Достапни линкови

Што е побарано од Бан Ки-мун?


Средба на генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун со претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов во Охрид.
Средба на генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун со претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов во Охрид.

Од генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун побаравме да се да се направи извештај за процесот на преговори со Грција од неговиот почеток. Веруваме и дека може да се прошири форматот на постоечката медијација, изјави Димитар Мирчев, кој присуствуваше на разговорите како дел од делегацијата на Претседателот Ѓорге Иванов. Од Нимиц, пак, очекуваме на Грција денеска да и го пренесе нашиот конструктивен став и создавањето позитивна клима за интензивни преговори.

Од медијаторот Нимиц по посетата на Скопје се очекуваме на Атина да и ја пренесе нашата подготвеност веднаш да се интензивираат преговорите за името како и тоа дека веќе подолго време работиме на тоа да се создаде клима за такво нешто, вели професор Димитар Мирчев, кој беше во делегацијата на претседателот Иванов на средбата со генералниот сектерар на ОН Бан Ки-мун во чија придружба дојде и медијаторот.
Да кажеме да се прошири форматот на тоа посредување, ние баравме од генералниот секретар да даде и еден извештај за тој процес од донесувањето на резолуциите 817 и 845 од 1993 година до органите на ОН. Тој може да предизвика да кажеме расправа за можностите како побргу да се дојде до решение.
Димитар Мирчев, универзитетски професор, член на делегацијата на претседателот Иванов на средбата со генералниот сектерар на ОН Бан Ки-мун.

„И тоа дека сме апсолутно подготвени за контакти на највисоко ниво, претседателот со нивниот претседател, премиерите“, вели Мирчев во очекување дека Грција ќе ја чуе и пораката на генералниот секретат на ОН Бан Ки-мун кој побара активирање на преговорите и вети дека и лично ќе се заложи кај грчките власти за забрзување на долгогодишниот процес.
Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун се обрати во Собранието на Македонија.
Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун се обрати во Собранието на Македонија.

Средбата на медијаторот Нимиц со грчкиот преговарач Адамантиос Василакис е најавена за претпладнево во Солун. Портпаролот на грчкото МНР пред средбата изјави дека не е оптимист, но се надева дека Нимиц ќе донесе позитивни сигнали од раководството од соседната земја. Вчерашното соопштение од македонскиот владин кабинет веќе го нарекоа постојана и заморна пропаганда за домашна употреба и дека покажува оти премиерот не го искористил состанокот со генералниот секретар на ОН за да постигне напредок.
Тие го имаат само тој механизам, значи спорот е во рамките на ОН, започнат е со резолуции на ОН и надвор од вообичаената дипломатска реторика на генералниот секретар.
Стево Пендаровски, универзитетски професор, член советот за надворешна и безбедносна политика на СДСМ.

Бан Ки-мун при вчерашната посета ја вети поддршката на ОН околу ова најзначајно прашање за напредокот на земјава. За дел од експертите, рамката во која ОН можат да помогнат не може да ја надмине постоечката, а изјавите на генералниот секретар се само дипломатски и куртоазни.

„Тие го имаат само тој механизам, значи спорот е во рамките на ОН, започнат е со резолуции на ОН и надвор од вообичаената дипломатска реторика на генералниот секретар, мислам дека друго практично суштински не може ништо да понуди, значи рамката на ОН, така што во рамки на тој процес ќе се остане“, вели професор Стево Пендаровски, член советот за надворешна и безбедносна политика на СДСМ.

Професор Мирчев, пак, верува дека постојат можности за излегување и надвор од постоечката медијација за надминување на спорот која се одвива преку ОН.

„Да кажеме да се прошири форматот на тоа посредување, ние баравме од генералниот секретар да даде и еден извештај за тој процес од донесувањето на резолуциите 817 и 845 од 1993 година до органите на ОН. Тој може да предизвика да кажеме расправа за можностите како побргу да се дојде до решение.“
XS
SM
MD
LG