Достапни линкови

Бан Ки Mун - Меѓу оптимизам и песимизам


Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун пристигнува во Белград.
Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун пристигнува во Белград.

Посетата на шефот на ОН Бан Ки Мун на земјава, за власта, ќе биде позитивна. Опозицијата, пак, се сомнева дека власта ќе извлече корист од посетата.

Неблагодарно е однапред да се даваат прогнози за тоа што би можело да произлезе од посетата на генералниот секретар на ОН, но нашиот настап секако ќе биде позитивен, велат од владата непосредно пред доаѓањето на Бан Ки Мун во Скопје.
Проблемот е во тоа што некој, односно власта, не сака да ги сфати овие пораки.
Зијадин Села, ДПА.

Посредникот на ОН Метју Нимиц пристигнува во Министерството за надворешни работи во Скопје на средба со министерот Никола Попоски на 20 февруари 2012.
Посредникот на ОН Метју Нимиц пристигнува во Министерството за надворешни работи во Скопје на средба со министерот Никола Попоски на 20 февруари 2012.
Претходно од МНР најавија дека нашата намера е на генералниот секретар да му биде повторен нашиот конструктивен приод и решителност за што побрзо изнаоѓање прифатливо решение во врска со спорот за името. Во опозицијата не постои уверување дека посетата на Бан Ки Мун би можела да биде искористена од наша страна. Оттаму очекуваат дека и овој пат до македонските власти ќе бидат упатени пораки на охрабрување и поддршка.
Практично очекувам охрабрување за Македонија да се справи со проблемите што ги има, зависи од нас колку ние ги примаме пораките и колку имаме слух за она што ќе ни се каже. Не верувам, не сум сигурна дека во овој момент, со волјата што ја има власта, нешто воопшто ќе се промени.
Соња Мираковска, НСДП.

„Проблемот е во тоа што некој, односно власта, не сака да ги сфати овие пораки“, изјави Зијадин Села од ДПА.

„Практично очекувам охрабрување за Македонија да се справи со проблемите што ги има, зависи од нас колку ние ги примаме пораките и колку имаме слух за она што ќе ни се каже. Не верувам, не сум сигурна дека во овој момент, со волјата што ја има власта, нешто воопшто ќе се промени“, изјави Соња Мираковска од НСДП.

Од МНР, посетата на Бан Ки Мун беше најавувана и само како дел од неговата балканска турнеја во која тој ќе ги опфати сите земји од регионот со цел да се запознае од блиску со актуелните состојби во земјите од регионот, но исто така рекоа и дека фактот што тој во Македонија ќе допатува придружуван од медијаторот во спорот за името Метју Нимиц неизбежно укажува на неговата заинтересираност за интензивирање на преговорите околу спорот за името.

Во своето соопштение МНР најави дека Бан Ки Мун ќе биде информиран за постигнувањата на Македонија од нејзината независност, изградбата на мултиетничкото општество, придонесот за регионалниот развој и добрососедските односи. Домаќин на Бан Ки Мун ќе му биде македонскиот претседател Ѓорге Иванов, а во Скопје тој ќе се сретне и со премиерот Груевски и со претседателот на собранието Трајко Вељаноски.

Како што соопшти порано канцеларијата на медијаторот Нимиц, од Скопје тој на 26-ти јули ќе замине во Солун на средба со грчкиот претставник во разговорите за името, амбасадорот Адамантиос Василакис, кој потоа треба да ја брифира грчката влада.
XS
SM
MD
LG