Денеска Србија треба да добие нова влада која, според експертите, ќе се соочи со економија која тоне, со влошена фискална криза, со растечка инфалција и со девалвирана валута. Владата на социјалистот Ивица Дачиќ ќе мора да ја балансира неговата површна стратегија за раст со неопходноста да обезбеди економска стабилност.
Тешкотиите на ваквото балансирање, според Фајненшал тајмс, веќе ја стави коалицијата на Дачиќ во судир со Централната банка која во борба против инфлацијата деновиве ги покачи каматните стапки и сега тие се едни од највисоките во Европа.
Може да следат слични судири и во иднина. Народна банка на Србија соопшти дека очекува инфлацијата која изнесува над 10 насто и натаму да се зголемува. Тоа беше одговорот на растечките цени, меѓу другото, и на земјоделските производи.
Никој не треба да го изненади што меѓународните финансиски организации имаат лоши проценки за Србија, вели аналитичарот Димитрие Боаров.
„Сите реални инвеститори на Србија исто така ги гледаат тие прогнози, а дури и оние што можеби решиле да инвестираат велат ајде да почекаме уште една, две години. Тие ја посматраат секоја комбинација во владата за да се види во кој правец ќе ја води економската политика и не брзаат со деловните одлуки.“
Економистот Иван Николиќ, пак, смета дека идните стопански движења ќе зависат од реформите во јавниот сектор, односно од фискалната консолидација.
„Доколку таа биде ефикасна и доколку постигнеме добар резултат, можеме да се надеваме на некаков економски пресврт, но тоа ќе биде многу тешко, бидејќи дефицитот е висок па консолидацијата може да има рецесиски ефект врз стопанството.“
Со бруто домашен производ кој влезе во таканаречена негативна територија и со сериозните несигурности дома и во странство, зголемувањето на интересните камати е храбар чекор. Тоа би можело да ја стави во опасност и функцијата на гувернерот Дејан Шошкиќ.
Новиот премиер Дачиќ се закани дека ќе го разреши Шошкиќ доколку банката избере поцврста монетарна политика. Локалните медиуми сугерираат дека Јоргованка Табаковиќ, заменик лидерот на Српската народна партија, која е најголема во коалицијата на Дачиќ и сојузник на претседателот Томислав Николиќ, би можело да биде замена за Шошкиќ.
Српската економија во првиот квартал од годинава забележа пад од 1,3 насто и е под притисок на кризата во еврозоната, но и онеспособена од домашните структурални проблеми. Невработеноста останува околу 25 насто, а платите и натаму се на ниско ниво според европските стандарди.
Лабавата буџетска политика на претходната влада, поврзана со парламентарните и претседателските избори доведоа до суспендирање на програмата на Меѓународниот монетарен фонд од милијарда и триста милиони долари.
Во меѓувреме, Централната банка е во битка за поддршка на динарот кој во мај достигна историско најниско ниво спрема еврото. Политиката на банката за трошење на резервите во евра за да го зацврсти динарот имаше ограничен успех. Девалвацијата на динарот не придонесе за запирање на инфлацијата.
На Дачиќ секако му претстои многу работа да ја доведе економијата во рамнотежа. Судирот со Централната банка нема да му помогне во тоа, се наведува во коментарот објавен во Фајненшал тајмс.
Сите реални инвеститори на Србија исто така ги гледаат тие прогнози, а дури и оние што можеби решиле да инвестираат велат ајде да почекаме уште една, две години. Тие ја посматраат секоја комбинација во владата за да се види во кој правец ќе ја води економската политика и не брзаат со деловните одлуки.Димитрие Боаров, економски аналитичар.
Може да следат слични судири и во иднина. Народна банка на Србија соопшти дека очекува инфлацијата која изнесува над 10 насто и натаму да се зголемува. Тоа беше одговорот на растечките цени, меѓу другото, и на земјоделските производи.
Никој не треба да го изненади што меѓународните финансиски организации имаат лоши проценки за Србија, вели аналитичарот Димитрие Боаров.
„Сите реални инвеститори на Србија исто така ги гледаат тие прогнози, а дури и оние што можеби решиле да инвестираат велат ајде да почекаме уште една, две години. Тие ја посматраат секоја комбинација во владата за да се види во кој правец ќе ја води економската политика и не брзаат со деловните одлуки.“
Доколку таа биде ефикасна и доколку постигнеме добар резултат, можеме да се надеваме на некаков економски пресврт, но тоа ќе биде многу тешко, бидејќи дефицитот е висок па консолидацијата може да има рецесиски ефект врз стопанството.Иван Николиќ, економист.