Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен вчера во Приштина изјави дека нема воено решение за проблемите на северот на Косово и ги повика Белград и Приштина да ги продолжат преговорите.
„Нема воено решение за проблемите. Ни треба политички процес кој ќе доведе до целосна интеграција на северниот дел на Косово и косовското општество“, рече Расмусен.
Тој оцени дека за тоа е потребно ангажирање на властите во Белград, но и политичка смелост и определба на официјалните политички лица на Косово.
Според косовскиот институт за политички истражувања КИПРЕД, пак, северот на Косово се движи кон автономија која, како што се наведува, ќе ја скрши функционалноста на Косово.
Имено, таквото потенцијално решение за северот на Косово ќе доведе до создавање двa моноетнички ентитета на Србите и Албанците, нешто како во Босна и Херцеговина.
Нема воено решение за проблемите. Ни треба политички процес кој ќе доведе до целосна интеграција на северниот дел на Косово и косовското општество.Андерс Фог Расмусен, генерален секретар на НАТО.
Тој оцени дека за тоа е потребно ангажирање на властите во Белград, но и политичка смелост и определба на официјалните политички лица на Косово.
Според косовскиот институт за политички истражувања КИПРЕД, пак, северот на Косово се движи кон автономија која, како што се наведува, ќе ја скрши функционалноста на Косово.
Кај политичкото раководство во Приштина нема волја за спречување на автономијата на северно Косово. Веќе постои меѓународен притисок со цел да дојде до формирање влада или како самите велат влада на ОВК во која ќе влезат Демократската партија на Косово и Алијансата за иднината на Косово.Илир Деда, КИПРЕД.
Тоа би можело да предизвика исселување на Србите од југот на Косово, на Албанците од северот, а ќе има негативни ефекти и во Македонија и Босна и Херцеговина.
Директорот на институтот Илир Деда смета дека веќе постоеле притисоци од надвор за формирање влада во Приштина која би дозволила автономија на северот на Косово.
„Кај политичкото раководство во Приштина нема волја за спречување на автономијата на северно Косово. Веќе постои меѓународен притисок со цел да дојде до формирање влада или, како самите велат, влада на ОВК во која ќе влезат Демократската партија на Косово и Алијансата за иднината на Косово. Меѓународната заедница мисли дека таа влада ќе може да дозволи автономија на северот, без внатрешни последици.“
Но, ова, како што вели Деда, би била голема грешка на Западот кој ни по 20 години во регионот не успеал да сфати дека брзите краткорочни решенија не носат стабилност.
Мислам дека никогаш нема да бидам претседател во Приштина, но ни претседателот на привремените власти на Косово нема да биде претседател во Косовска Митровица.Томислав Николиќ, претседател на Србија.
Според него, до промена на владата на Косово би можело да дојде наесен по што се очекува почеток на политичкиот дијалог со претседателот на Србија Томислав Николиќ.
Во прилог на ова некои аналитичари потсетуваат на изјавата на Николиќ дека е неопходно во Србија да се постигне консензус за тоа што е Косово и како државата треба да се однесува кон тоа прашање.
„Мислам дека никогаш нема да бидам претседател во Приштина, но ни претседателот на привремените власти на Косово нема да биде претседател во Косовска Митровица“, изјави тогаш Николиќ.
Во Анализата на КИПРЕД исто така се оценува дека западните сили се обидуваат да постигнат нормализација на односите меѓу Косово и Србија, но без меѓународно признавање. Цената на тоа, како што се додава, ќе биде автономијата на северот на Косово.
Ваквото сценарио, според приштинскиот Институт, станува поопасно имајќи ја предвид промената на интересите на Соединетите Држави од Европа кон Азија и Пацификот, бидејќи така проблемите на Балканот остануваат во рацете на Европската унија, која притисната од свои проблеми не ќе може да се занимава со оние во регионот.