Достапни линкови

Николиќ - успеа во третиот обид


Томислав Николиќ
Томислав Николиќ

Томислав Николиќ е новиот претседател на Србија и Србија нема да остапи од европскиот пат. Ова е главната порака на победникот на вчерашните претседателски избори, на Николиќ, кој некогаш беше сојузник на Слободан Милошевиќ и противник на европската ингетрација на Србија.

Лидерот на Српската напредна партија Томислав Николиќ на вчерашниот втор круг претседателски избори го победи досегашниот претседател Борис Тадиќ со околу 2 проценти разлика во гласовите. Излезноста на гласачите во вториот круг била 46, 7 насто.
Изборите покажаа, резултатот е јасен и јас ќе го одржам моето ветување а тоа е дека Србија нема да скршне од патот кон Европската унија. Србија сака да го заштити својот народ на Косово и Метохија. Овие избори не беа всушност референдум за или против ЕУ, туку се решаваа проблемите кои ги создадоа Борис Тадиќ и Демократската партија.
Томислав Николиќ, новоизбран претседател на Србија.

Во своето обраќање пред јавноста, новиот шеф на српската држава изјави дека Србија ќе остане на европскиот пат и дека ќе работи на остварување на сите свои предизборни ветувања. Николиќ рече дека негови приоритети ќе бидат борбата против криминалот и корупцијата.

„Изборите покажаа, резултатот е јасен и јас ќе го одржам моето ветување а тоа е дека Србија нема да скршне од патот кон Европската унија. Србија сака да го заштити својот народ на Косово и Метохија. Овие избори не беа всушност референдум за или против ЕУ, туку се решаваа проблемите кои ги создадоа Борис Тадиќ и Демократската партија.“

Досегашниот претседател на Србија Борис Тадиќ го призна поразот на претседателските избори и на победникот му посака успех.

„Граѓаните на Србија решија дека нов претседател ќе биде Томислав Николиќ и јас му честитам. Тоа беше фер и заслужена победа и јас му посакувам среќа и успех во работата.“

Тадиќ оцени дека многу од проблемите кои ја мачат Србија не успеал да ги реши. Тој ги повика сите политички фактори за ја зачуваат стратегиската ориентација на Србија кон ЕУ.
Според аналитичарите, победата на Томислав Николиќ сепак, укажува на заслабениот интерес кон ЕУ поради нејзината должничка криза и вантрешните економски проблеми на Србија. Николиќ по трет пат се соочи со Тадиќ на избори. Овој пат човекот, кој некогаш му беше сојузник на Слободан Милошевиќ и кои се залагаше за поблиски односи со Русија а не со ЕУ, победи.

Дали Србија ќе продолжи да ги подобрува односите со соседите е прашање. Белград и натаму одбива да ја признае независноста на Косово.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG