По Пивофест во Прилеп се пребројуваат испиените литри пиво

Босанскиот бенд Дубиоза Колектив свири на Пиво фест во Прилеп 2012.

Јубилејниот 10-ти по ред Пивофест беше одлична можност за заработувачка и профит на сите дуќанџии, хотелиери, малостопанственици, но и одлична забава за сите посетители.
На пеколни горештини, под шатори каде се точи ладно пиво и се пече вкусна скара 4 дена во центарот на Прилеп се разладуваа, релаксираа, уживаа стотици илјади гости од земјава и странство. Јубилејниот 10-ти по ред Пивофест беше одлична можност за заработувачка и профит на сите дуќанџии, хотелиери, малостопанственици.
Гостите од Драма од Грција, сакаат да имаат едночасовна средба со мене, сакаат да организираат и тие фестивал на пиво, разбрале дека Пивофест во Прилеп е најдобар на Балканот. Има доста странци од европските држави, гледам дека на секој чекор ме сретнуваат луѓе коишто иселеници, а својот одмор го токмат да го поминат токму со Пивофестот.
Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

„Очекуваме да го надминеме рекордот на продадени пива, точени и пошто долго се намавме појавено, сега за прв пат се појавуваме. Мислам дека има позитивина енергија, супер е, многу е добро“, оцени Спасе Костоски, вработен во една од брендираните пиварници кои имаа штандови годинава.

Во градот нема ниту слободно место во 3-те хотели. Менаџерот на хотел „Сонце“, тврди дека местата биле резервирани месец пред тоа. „Пивофест“ е можност за користење на бизнис искуства и воспоставување соработка и со општините од регионот.

Отворање на Пиво фест во Прилеп 2012. Градоначалникот Марјан Ристески.


„Гостите од Драма од Грција, сакаат да имаат едночасовна средба со мене, сакаат да организираат и тие фестивал на пиво, разбрале дека Пивофест во Прилеп е најдобар на Балканот. Има доста странци од европските држави, гледам дека на секој чекор ме сретнуваат луѓе коишто иселеници, а својот одмор го токмат да го поминат токму со Пивофестот“, вели градоначалникот Марјан Ристески.
Значи секоја година е многу организирано, многу е забавно, има гости од сите градови кај нас тука за Пивофестот, и годинава е уште подобро од лани.
Посетител на Пивофест.

Многу граѓани своите станови, делови од куќи ги издаваат под наем за 4-те фестивалски дена. Заработуваат по неколку стотици евра, што е рамно на висината на нивната месечна заработувачка во прилепските дуќани и конфекции. Од друга страна оваа манифестација е одлична можност за забава на младите.

„Значи секоја година е многу организирано, многу е забавно, има гости од сите градови кај нас тука за Пивофестот, и годинава е уште подобро од лани“, изјави оваа млада девојка, која се забавуваше со своите пријатели крај бината каде што секоја вечер се одржуваа настапи на познати македонски и балкански ѕвезди.

„Доаѓам втор пат овде и многу ми се допаѓа, организацијата е супер, се е ок, баш е добро, пивото“, во весела атмосфера ни изјави гостинот од Србија, којштто со своето друштво кампуваше во паркот на Могилата на непобедените.

Пивофестовската журка изминува, се средуваат впечатоците се пребрјуваат изпиените литри пиво и килограми скара, возилата кои допатуваа во градот. Се помина во најдобар ред, се очекува дека годинава се надминати ланските рекорди од 119 килограми скара и 248 литри пиво.