Достапни линкови

Прилеп подготвен за Пиво-фест


Се бројат часовите пред големата журка на пиво и скара, која годинава по деветти пат ќе се одржи во Прилеп.

Луда забава до раните утрински часови во текот на 4 дена очекуваат и прилепчани и најавените гости од сите градови во државава, но и од соседството. Се е подготвено на површина од околу 6.000 метри квадратни, на 32 штандови, познати скараџии и брендирани пиварници ќе се грижат за пребирливите вкусови на гостите, кои ќе се разладуваат во пеколните горештини. Но, не само забава, градот ќе им овозможи на гостите пријатен престој, зашто хигиената и безбедноста според најавите ќе бидат на највисоко ниво. Тоа го вети градоначалникот на Прилеп,
Максимална забава, максимална безбедност во сообраќајот, во јавниот ред и мир, спремни сме да понуиме хигиена на највисоко ниво, и се она што е пропратно со вакви големи фестивали, спремни сме да го направиме најголемиот, најорганизираниот и најмасовниот
фестивал.

Марјан Ристески.

„Максимална забава, максимална безбедност во сообраќајот, во јавниот ред и мир, спремни сме да понуиме хигиена на највисоко ниво, и се она што е пропратно со вакви големи фестивали, спремни сме да го направиме најголемиот, најорганизираниот и најмасовниот фестивал.“

Дека интересот за пиво-журката е голем, потврдуваат и угостителите. Веќе се обезбедени резервации за околу 95% од постоечките сместувачки капацитети, хотели и приватно сместување, но локалната самоуправа како добар домаќин ја нуди и можноста за бесплатен кампинг, за оние со авантурстички дух. Локацијата е Могилата на непобедените, каде секое утро сите гости ќе бидат послужени со беслатно кафе и чај.

А, потоа цели 4 дена и ноќи забава на сите штандови, каде облечени во носија со фолклорни мотиви ќе служат млади девојки и момци. На секој штанд ќе ечи и фестивалската химна, чиј автор е прилепскиот музичар Борче Шабаноски. Ќе се јаде и пие, но ќе се игра и пее.

Фолтин

„На оваа манифестација голем акцент се става на музичко-забавниот дел со присуство на големи балкански естрадни ѕвезди. Ќе настапи најпопуларниот пејач на Балканот, Здравко Чолиќ, а богатата програма го вклучува и настапот на Харис Џиновиќ, Ван Гог и сите најслушани поп и рок бендови од Македонија. Интернационалната димензија му ја дава и присуството на нашите гости од Словенија и од Франција, Ред фајф поинт старт бендот од Словенија и Џок од Франција, потоа следуваат Фолтин и Суперхикс“, вели Снежана Ристеска, советник за култура во Локалната самоуправа.
Ќе настапи најпопуларниот пејач на Балканот, Здравко Чолиќ, а богатата програма го вклучува и настапот на Харис Џиновиќ, Ван Гог и сите најслушани поп и рок бендови од
Македонија.

За да се задоволат сите вкусови, Ристеска најавува бројни естрадни гости на две сцени во градот, забава за млади и повозрасни со Елена Ристеска, Ламбе Алабакоски...познати диџеи кои ќе се грижат за забавите во раните утрински часови, а конфекцијата „Васидора“ ќе одржи и модна ревија.

Бројни играрии, натпревари во јадење скара и пиење пиво, пена парти и многу други форми на забава ќе ги релаксираат над 300.000 очекувани посетители, со преку 20.000 возила.

„Дел од сообраќајните коридори и булеварите ќе бидат употребени со централна регулирана лента. Јавното претпријатие и сообраќајната полиција веќе си имаат воспоставено режим на движење, значи централната лента ќе биде зафатена со паралелно паркирање, а двата коридора од страните ќе бидат за нормален проток на возилата, бидејќи градот не може да застане, мора да има проток, за противпожарно возило, амбулантно возило.“

Вели Бранко Нешкоски, директор на јавното претпријатие за просторни и урбанисти планови. За целосна безбедност на гостите и беспрекорна организација, ангажирани се сите инспекциски служби во градот во соработка со прилепската полиција и ТППЕ. Инаку, на ланскиот „Пивофест„ се испија над 240 тони пиво и се изеде околу 123 тони скара.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG