Достапни линкови

Пивото да не се вбројува меѓу алкохолните пијалаци


Прилепска пиварница лого
Прилепска пиварница лого

Според менаџментот на Прилепска пиварница, пивото треба да се вбројува меѓу прехрамбените прозводи по урнекот на европските земји.

Пивото да не се смета во алкохолни пијалаци, или да биде изменет законот за трговија со пролонгирање на продажбата на алкохол најмалку до 22 часот, бара Прилепската Пиварница. Во спротивно, стравуваат од оваа компанија наместо реализација на деловниот план ќе бележат загуби. А, токму оваа, тврдат, е година на најголеми инвестиции за осовременување на производството во висина од пет
Резултат ќе биде намалување на продажбата, намалување на капацитетот, веројатно соодветно на тоа и бројот на вработените
милиони евра сопствени средства:

,,Намалување на продажбата, намалување на капацитетот, веројатно соодветно на тоа и бројот на вработените, што е најнепопуларна мерка, и ние сета оваа инвестиција што ја правиме ја правиме за развој, а не за стагнација или назадување,”

вели директорот Сашо Самарџиоски.

Менаџерите доставиле неколку иницијативи за измена на законот до Министерството за економија, вице премиерот Зоран Ставревски, реагирале преку стопанските асоцијации:

,,Се до сега е ветувано дека се разгледуваат податоците и ќе излезат со конкретни мерки.”

Од друга страна, велат од Пиварницата, додека во светот пивото е на листата од прехранбени производи, во Министерството за економија работите се измешани:

,,Во законот за трговија никаде не стои дека е пиво, туку само алкохони пијалаци. Па, тие со нивни интерен акт, во Министерството за економија, предвиделе дека и пивото е алкохолен пијалак. Има два правилници коишто го диференцираат пивото од алкохолните
Се надеваме дека надлните ќе ги разгледаат податоците и ќе излезат со конкретни мерки
пијалаци. Правилник за алкохолни пијалаци, што се смета за алкохолен пијалак, и правилник за квалитет на пиво.”

Доколку не се остварат барањата на Пиварницата, постои опасност да пропадне инвестицијата за набавка на 16 цилиндрични танкови, што значи заокружување на целосна компјутеризиран технолошки процес за производство на стандардно пиво со двојно поголем капацитет. Сега се остварени 50, а се најавуваат и други нови вработувања со оваа инвестиција. Во услови кога македонските фирми се почесто се соочуваат со проблемот на недостиг од работа и превработеост како поседица на кризата на светската економија. Затоа, велат од Пиварницата, државата треба да ги стимулира сите, особено компаниите кои сами се борат на пазарот, редовно ги плаќаат давачките и не уживаат никакви бенефиции.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG