Прилепската локална самоуправа ќе ја реконструира родната куќа на македонскиот револуционер Ѓорче Петров, што се наоѓа во прилепската населба Варош.
Целосно руинирани овие остатоци од некогашниот објект, шират непријатен мирис во околината. Тие се обраснати со треви. Се наоѓаат во приватна сопственост. Сопствениците очигледно не покажуваат интерес за овој објект. Тие со години, категорично одбиваат да говорат на оваа тема. Но, локалните власти сега имаат и идејно решение за реконструкција на родната во спомен куќа.
„Таа е приватна сопственост сега, на фамилија којашто живее во Варош, треба да се расчистат и тие односи. Ние имаме идеен проект и во иднина изнаоѓање на средства, може да се направи комбинација од буџетот на Министерството за култура и локалната самоуправа и да се пристапи кон изградба на една таква куќа“, изјави градоначалникот Марјан Ристески.
Годинава ќе се работи на уредување на платото пред куќата во Варош. Естетски и хортикултурно ќе се среди просторот пред влезот на куќата, на македонскиот револуционер, на еден од најзначајните идејни творци на Македонската револуционерна организација. Зашто оваа локација е често посетувана од бројните туристи. Освен тоа деновиве ќе се постави и споменик на Петров.
„Локалната самоуправа значи го изработи споменикот во негова чест, којшто ќе биде поставен во централното градско подрачје со што ќе се оддаде една голема почит од сите нас прилепчани, Македонци кон оваа голема личност во македонската историја“, истакнува градоначалникот Ристески.
Споменикот на Ѓорче Петров е дел од споменичните обележја што ги поставува локалната власт во централното градско подрачје. Освен патеката на славните, во центарот на градот се поставени споменици, на Методија Андонов Ченто, на Кузман Јосифоски-Питу и Марко Цепенков.
„Спрема годинешната програма предвидени се изработка на уште два нови споменици, кои ќе бидат поставени на литературниот плоштад,пред домот на културата Марко Цепенков, во близина на споменикот на Марко Цепенков, од бел прилепски мермер, ќе се изработат споменици на Блаже Конески и Круме Кепески“.
Како што вели Ристески со ова се заокружува еден проект за изградба на споменици на личности кои потекнуваат од Прилеп, а имаат значајно место во македонската историја, развој и култура.
Таа е приватна сопственост сега, на фамилија којашто живее во Варош, треба да се расчистат и тие односи. Ние имаме идеен проект и во иднина изнаоѓање на средства, може да се направи комбинација од буџетот на Министерството за култура и локалната самоуправа и да се пристапи кон изградба на една таква куќа.Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.
Целосно руинирани овие остатоци од некогашниот објект, шират непријатен мирис во околината. Тие се обраснати со треви. Се наоѓаат во приватна сопственост. Сопствениците очигледно не покажуваат интерес за овој објект. Тие со години, категорично одбиваат да говорат на оваа тема. Но, локалните власти сега имаат и идејно решение за реконструкција на родната во спомен куќа.
„Таа е приватна сопственост сега, на фамилија којашто живее во Варош, треба да се расчистат и тие односи. Ние имаме идеен проект и во иднина изнаоѓање на средства, може да се направи комбинација од буџетот на Министерството за култура и локалната самоуправа и да се пристапи кон изградба на една таква куќа“, изјави градоначалникот Марјан Ристески.
Локалната самоуправа значи го изработи споменикот во негова чест, којшто ќе биде поставен во централното градско подрачје со што ќе се оддаде една голема почит од сите нас прилепчани, Македонци кон оваа голема личност во македонската историја.Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.