Достапни линкови

Реставрација на спомениците од НОБ во Куманово


Куманово започна со санација и реставрација на спомениците по повод седум децении од победата над фашизмот.

Локалната самоуправа во Куманово преку Фондацијата за култура и спорт презема мерки и активности за санирање и реставрирање на спомен обележјата „Менкова колиба“ и „Студена вода“ недалеку од Куманово, по повод одбележувањето на седум децении од победата над фашизмот. Иницијативата за ова е од невладиниот сектор во Куманово, со цел да се обезбеди соодветно оддавање почит на учесниците во
Сакаме да направиме да се чествува тој најсветол датум од поновата историја за Македонија, а посебно за кумановското поднебје, за важноста на 11 Октомври. Како изгледало,како е сега и како треба да изгледа.
антифашистичката борба од Карадачкиот и Козјачкиот одред во 1941-та година. Нино Величковски раководител на Фондацијата за култура и спорт вели:

„Сакаме да направиме да се чествува тој најсветол датум од поновата историја за Македонија, а посебно за кумановското поднебје, за важноста на 11 Октомври. Како изгледало,како е сега и како треба да изгледа.“

Поддршка има од невладините организации,од воените и полициските ветерани, од локалната самоуправа и од градоначалникот.
Наташа Анастасовска програмски соработник во Фондацијата за култура и спорт вели дека двете спомен обележја се:


„Во незавидна состојба и затоа ја спроведуваме иницијативата, ја даваме фактичката состојба во која тие сега се наоѓаат и презентираме мерки за санација и реставрација.“

Проценките на оштетувањата се извршени од стручните и надлежни екипи.

„Ние соработуваме со Музејот од Куманово, со Секторот за урбанизам и комунални дејности во општината, како и со авторот на спомен обележјето „Менкова колиба“, тоа е познатиот македонски скулптор
Во незавидна состојба се и затоа ја спроведуваме иницијативата.
Драган Поповски Дада, за обезбедување поконкретна документација. Втората фаза подразбира изведен проект со сите мерки.“

Средствата за целосно санирање и реставрирање на двете спомен обележја сеуште уште не се комплетно определни. Меѓутоа двете спомен обележја кои последниве години како да беа подзаборавени ќе бидат санирани и реставрирани до одбележувањето на денот на востанието на македонскиот народ во антифашистичката борба 11 Октомври годинава.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG