Достапни линкови

Прилепската чаршија ја губи автентичноста


Прилеп
Прилеп

Помодарството и кичот го нагрдија автентичниот лик на старата прилепска чаршија, едно и пол вековен споменик на културата, кој го краси центарот на градот.

На местото на старите амбиентални, над 200 занаетчиски дуќани, дрвените кепенци кои даваат посебен дух и шарм на просторот, преку ноќ никнуваат современи доградби, надградби со алуминуимски излози, челични, железни огради кои се разликуваат едни од други. Оваа шареноликост во есктериерите на објектите е противзаконска и трае речиси две децении. За да се спречи оваа експанзија на невкус, уништување на лицето на чаршијата донесен е и Закон за заштита на културното наследство. Прилепскиот Завод и Музеј, како надлежна институција доследно го спроведува, и главно последниот период има соработка меѓу дуќанџиите, но сепак има исклучоци.
Често пати имаме размислувано за проекти, кои никако не можеме сами да ги реализираме. Пак тоа треба да биде во соработка со Завод и Музеј-Прилеп, кои што треба да бидат повикани за таа работа како институција, да сработиме еден заеднички проект.

„Ние сме должни како институција да пријавиме во Управата. Управата праќа инспектори, тие ја констатираат состојбата и понатаму според Законот за заштита има кривична, има материјална одговорност“, изјави Гордана Спироска-Даниловска, директорка на Завод и Музеј - Прилеп.

И од локалната самоуправа сметаат дека час поскоро треба да се преземат мерки и активности за враќање на автентичен лик на чаршијата.


„Често пати имаме размислувано за проекти, кои никако не можеме сами да ги реализираме. Пак тоа треба да биде во соработка со Завод и Музеј-Прилеп, кои што треба да бидат повикани за таа работа како институција, да сработиме еден заеднички проект. И сега со отворање на ИПА фондовите, и за заштита на културното наследство има доста програми од Европската унија, во наредниот период да аплицираме и да очекуваме некои поголеми пари“, вели градоначалникот Марјан Ристески.

Тој негува надежи дека со заеднички настап на четирите општини - Прилеп, Велес, Битола и Скопје, побргу ќе се добијат средства од европските фондови и проектите успешно ќе се реализираат.
Од друга страна, и занаетчиската комора ги поддржува проектите за разубавување на чаршијата.

„Аплицираме, дали пред локалната самоуправа, дали пред други институции во државава, за вакви проекти од урбанизам, од култура. Значи и покрај другите обврски што ги имаме редовно, многу често ние даваме предлози или аплицираме на одредени проекти, така беше и со овој случај за уличното осветлување“, изјави Кире Трпчески, претседателот на прилепската Занаетчиска комора.

А, досега на иницијатива на занаетчиската комора со средства од локалната самоуправа во функција на развој на туризмот во градот, реализирана е првата фаза за осветлување на чаршијата. Од Општината велат дека се подготвени да ги следат сите иницијативи кои ќе бидат во функција на разубавување на овој дел од градот.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG