Битолската опозиција обвинува дека властите кријат какви поволности добија германските инвеститори за да градат во Жабени. Од владата нема одговор за поволностите.
Договорт под кој е склучена инвестицијата на германската компанија „Кромберг и Шуберт“ во Битола е државна тајна, обвинува локалната опозиција. Битолските социјалдемокрaти велат дека и покрај неколкумесечните обидувања, не успеале да го видат договорт. Со ова во тајност останаа поволностите што ги добија германските инвеститори за да градат во Жабени, дури и тогаш кога се удрија темелите на фабриката, вели Васко Ковачевски локален лидер на СДСМ во Битола.
„Клучен момент за привлекување инвеститори мора да бидат транспарентните и отворени постапки како кон странските, така и кон домашните инвеститори. Во овој случај затаи транспарентноста. Затоа го прашуваме премиерот Груевски кои се посебните поволнисти што ги доби „Кромберг и Шуберт“ од страна на Владата на Македонија? Зошто исти такви поволноти нема за другите инвеститори во индустриската зона и дали токму тоа е причината што никој друг не размислува за почеток на градежни работи“, праша Ковачевски.
Кога се удираа темелите на фабриката деновиве во Битола присуствуваше и премиерот Груевски, но не одговараше на прашања. Во своето излагање од бината потенцираше:
„Не е лесно во овие тешки времиња на светска економска криза да се постигнуваат вакви чекори. Некој може да ги потценува, да кажува дека се малку. Но, тој што го кажува тоа треба зад себе да има оставено многу повеќе за да има лице да го зборува тоа.“
Без да се потенцира какви поволности доби странскиот инвеститор освен оние од евро за метар квадратен и комунални олеснувања, вицепремиерот Владимир Пешевски, рече дека истите поволности ќе важат и за другите инвеститори.
„Сите напори и стратегијата што ја има Владата за привлекување на странски инвестиции и начинот на кој тоа го прави вродува со плод. Голем број на министри и институции беа вклучени во реалицијата на овој проект и во носењето на „Кромберг и Шуберт“. Тоа е инвестиција под принципи и поволности кои ќе важат и за други инвеститори овде и како определба ќе продолжи да важи“, изјави Пешевски.
Според општина Битола, 26 инвеститори имаат купено парцели, но градбите се уште не започнале.
Затоа го прашуваме премиерот Груевски кои се посебните поволнисти што ги доби „Кромберг и Шуберт“ од страна на Владата на Македонија? Зошто исти такви поволноти нема за другите инвеститори.Васко Ковачевски, СДСМ - Битола.
„Клучен момент за привлекување инвеститори мора да бидат транспарентните и отворени постапки како кон странските, така и кон домашните инвеститори. Во овој случај затаи транспарентноста. Затоа го прашуваме премиерот Груевски кои се посебните поволнисти што ги доби „Кромберг и Шуберт“ од страна на Владата на Македонија? Зошто исти такви поволноти нема за другите инвеститори во индустриската зона и дали токму тоа е причината што никој друг не размислува за почеток на градежни работи“, праша Ковачевски.
Тоа е инвестиција под принципи и поволности кои ќе важат и за други инвеститори овде и како определба ќе продолжи да важи.Владимир Пешевски, вицепремиер за економски прашања.