Господине Самак, на почетокот на оваа година најавивте дека очекувате ова да биде позитивна година на планот на привлекување на нови странски инвестиции. Половина година веќе измина, какви се резултатите досега?
Значи она специфично кое го увидовме на почетокот на годината е дека доста проекти каде Македонија беше влезена во тесен круг, наближуваа на една позитивна одлука за Македонија. Веќе имаме неколку најави во тој контекст, прво германската фирма Дракселмајер најави, потоа белгиската фирма Ван Хоол, па проширувањето на Џонсон Мети пред некое време и уште неколку други фирми кои момeнтaлно ги завршуваат, имаат направено, ни имаат кажано за тие најави, но се уште не се објавени во јавноста и ги привршуваат тие финални детали. Истовремено стекнати сме со низа нови проекти, каде Македонија пак е влезена во тесен круг. Пред неполн месец имавме посети од германски фирми, од кинески и од француски фирми кои ни имаат највено дека ние сме една од првите две земји за кои тие моментално размислуваат и очекуваат одлука во текот на летото или до крајот на годината. Се надеваме дека оваа криза што за жал се уште владее низ цела Европа нема да доведе до некој нов шок како што тоа беше во 2009-та, затоа од аспект на конкретни проекти гледаме доста позитивен тренд и најава за нови.
Аналитичарите забележуваат дека во Македонија инвестициите се мерат во милиони, а во соседството во милијарди. Зошто има една таква ситуација?
Значи не знам за кои аналитичари спечифично зборувате, некој од опозицијата исто ги имаат правено тие споредби. Факт е дека мора да се споредува, што се вели народски, не баби и жаби, туку релевантни работи. Секогаш се споредува ниво на странски инвестиции како процент од БДП, затоа што да не дојдете до ситуација да споредувате две економии со иста популација, а различен степен на развиеност. Од тој аспект ние одиме во прилично позитивен тренд и добро се рангираме и затоа има разлика меѓу милионски инвестиции кај нас и во милијарди, иако не секаде во милијарди искрено во регинот, во некои земји нормално кои се далеку поголеми економии од Македонија. Но како процент од бруто домашниот производ, тука котираме се уште доста позитивно, се уште добиваме некои проекти, т.е фирмите носат позитивни одлуки за Македонија во споредба со овие поголеми земји, така да трендот е доста позитивен за нас.
Во 2010 на пример, само Хрватска и БиХ се под нас, Црна Гора е апсолутен рекордер каде има 900 евра странски инвестици по жител. А еве Црна Гора, Албанија се слични по структура на нас, а доколку би се мереле со нив ние сме навистина долу?
Пак ќе ја наведам таа споредба, споредувате баби и жаби. На пример, ако ја земете Македонија со два милиони жители и Словенија со два милиони жители и ако двете земји имаат 100 милони директни странски инвестиции, тоа е многу подобар ефект за Македонија, отколку за Словенија од проста причина што развиеноста во Словенија како економија е многу поголема, значи секогаш инвестициите се сметаат како еден вид на капитални инвестиции во економијата и реална мерка е процентот на влезот на тие странски инвестиции од БДП-то, а не по жител, затоа што жителот во една земја и во друга земја со иста популација може да има различна продуктивност, значи тие се неспоредливи рамки. Е сега, во контекст на тие бројки што ги споменавте, иако не ги знам лично, треба да земете предвид што реално нам ни конкурира и кои се реално тие интереси за инвестирање.
Во Црна Гора речиси и да нема интерес за производни погони, оние типови на инвестиции на кои ние сме најмногу фокусирани затоа што реално тука ни е најдолгорочниот потенцијал во Македонија, да најдеме место за вработување на сите оние кои денес се невработени, а имаат искуство од индустријата. Во голем дел тие инвестиции, ја споменавте Црна Гора, особено таму се во недвижнини, во хотели, во градежништво и тн., работи кои по број на капитал се огромни, но по број на долгорочен принос и прилив за земјата и зголемување на продуктивноста немаат толкав ефект како на пример една фабрика да се отвори тука со 100, 200 или 300 вработени. Го гледате ефектот, каде само една фабрика Џонсон Мети за неколку години стана најголем извозник, а во моментов го удвоија капацитетот.
Во Македонија минатата година имаше 300 милиони евра странски инвестиции што е повеќе од изминатите две години, но недоволно за да обезбеди поголем економски раст и за драстично намалување на големата стапка на невработеност. Зошто не може да се постигне задоволително ниво на инвестиции што ќе ја покренат економијата, а со тоа и драстично да ја намалат големата стапка на невработеност?
Треба да земете превид како се оценува тој ефект од самите тие инвестиции. Ако во минатата година имавме прилив од околу 300 милиони евра директни странски инвестиции, тие резултираа во градење на нови капацитети, во експанзија на некои постоечки погони, во капитални планирања за отворање на нови работни места. Тие наеднаш не се апсорбираат во економијата и наеднаш да видите директен ефект во БДП-то. Треба една година или две за од еден нов капацитет да почне да се прави доволно бизнис, извоз, па тој капацитет да биде потполно искористен. Еве само еден пример со фабриката Кромберг и Шуберт која се гради сега во Битола, планираната инвестиција е околу 20 до 25 милиони евра, таа се реализира во текот на минатата и оваа година, а ќе го достигнат нивниот полн капацитет за една или две години со околу 2.500 вработувања и во тој момент тие ќе имаат нето извоз од 40 милиони евра. Значи, од сите тие слеани инвестиции во земјата, по една или две години се гледа ефектот од само еден проект, така што на тој начин треба да се гледаат ефектите и ефектите на тој начин ќе бидат доста позитивни.
Тоа се работи за кои што зборуваме за во иднина, работи чии ефекти би се почувствувале за две или три години. Што е со ефектите од досега сработеното? Имаме евтина работна сила, ниски плати и голема стапка на невработеност, а во изминатите неколку години не се бележи големо намалување на невработеноста?
Како не се бележи? Од 2006 досега има околу 7 отсто намалување на невработеноста. Од рекордна 37 отсто невработеност денес имаме скоро 30 отсто официјално евидентирана невработеност, значи сепак имаме пад и сепак имаме се поголем интерес за отворање на нови работни места. Не можете да ги игнорирате тие ефекти затоа што се она што сме го работеле во последните неколку години резултира со нови околу десетина инвестиции во последните година и половина. Не зборуваме за ветување, туку зборуваме за конкретни проекти што се реализирани и дале економски резултати.
Опозицијата честопати обвинува дека власта има погрешна стратегија. Тие сметаат дека, со оглед на парите потрошени за привлекување на инвеститорите, во Македонија донесе незначителен број од нив. Како вие го коментирате тој став?
Искрено не знам кој и ги прави тие пресметки на опозицијата или како ги прават, но очигледно немаат поим од странски инвестиции и како се пресметуваат тие анализи. Слободно може да ме консултираат, па и со други стручни лица да дојдеме до некој заеднички јазик за тоа, но што се однесува до нивната стратегија, јас не гледам воопшто интерес од опозицијата за странски директни инвестиции досега. Што се однесува до сите тие средства што од 2006 до денес владата ги има потрошено на промоција, на мојот ангажман, на ангажманот на моите колеги, на Агенцијата за привлекување на странски инвестиции, на Дирекциите за технолошки зони и на сите тие економски промотори, сите активности, сите тие средства што се досега потрошени, тие сите средства се повеќекратно вратени во буџетот, во македонската економија, во БДП-то, само од инвестицијата на Џонсон Мети која денеска е вкупно 100 милиони евра и е најголем извозник од Македонија. Само таа една инвестиции повеќекратно го има вратено се она што досега е потрошено. Доколку опозицијата има дилеми за тоа како се прави математиката слободно може да дојдат да им ги објасниме тие работи.
Зошто е табу-тема прашањето колку чини едно роуд-шоу?
Не е важно колку чини едно роуд-шоу ако тоа роуд-шоу носи резултати кои имаат повеќекратни ефекти. Сето земено во пакет е еден мал процент од добивката од само една инвестиција, значи неспоредливи се ефектите.
Велите мал процент, еве од прилика, колкав е тој мал процент од една инвестиција?
Ќе им оставам на тие што калкулираат да пресметаат, а јас имам кажано повеќе пати во јавноста колкава е добивката од само едно новоотворено работно место, колку досега имаме обезбедено такви нови работни места. Над 7.000 нови работни места само од мојот ангажман, да не зборуваме од целокупниот на владата и тие трошоци се минорни во споредба со бенефитите.
Што се случува со инвестициите во веќе постоечки, засега нефункционални објекти или затворени фабрики?
За жал во Македонија имаме многу такви. Во повеќе наврати таквите капацитети им ги имаме нудено на странските фирми. За жал не секогаш имаме совпаѓање на потребите на странските фирми со она што стои како некој таканаречен браунфилд капацитет, некоја хала, некоја фабрика. Не се сите тие во баш најдобра состојба. Искрено најголема бариера е тоа првото што го споменав, не секогаш има согласување на потребите на странските фирми и капацитетот што баш тој објект го нуди. Но онаму каде што можело, како на пример поранешните текстилни хали, тие се така пошироки, гледаме да им најдеме корист.
Ако добро разбрав, нема интерес кај странските инвеститори за вакви инвестиции?
Не реков дека нема интерес. Има интерес, понекогаш баш само за тие капацитети доаѓаат инвеститори, но не секогаш се поклопуваат потребите. Можете да замислите ако тоа некогаш било фабрика за текстил или за метални или пластични делови пред 20-30 години, процесот е сменет последниве години и тоа што странската фирма си го замислила денес не секогаш се совпаѓа со тоа што бил тој капацитет.
Домашните бизнисмени се жалат дека странците често се попривилигирани од нив, дека добиваат повеќе бенифиции за инвестиција која и тие би можеле сами да ја реализираат во земјава. Дали воопшто се прави проценка за потенцијалот на домашниот капитал?
Тоа е фама која малку се крева не знам од кои извори, некогаш и опозицијата тоа го зборува малку од незнаење, малку и некој бизнисмени што недоволно ги гледаат работите ги прифаќаат тие информации здраво за готово. Реалноста е дека денес нема попривилигиран инвеститор, нас не интересираат секакви инвеститори, и домашни и странски. Јас честопати сум во контакти со домашни инвеститори, така што генерално имаме интерес за сите инвеститори кои градат нов капацитет и кои отвораат нови работни места. Тука нема дилема дали бил странец или бил домашен.
Бизнисмените се жалат дека странците добиваат евтини земјишта и помалку давачки во однос на нив.
Не е точно, истите давачки важат и за домашните и за странските фирми, а евтините земјишта се тие земјишта што се добиваат на тендер за стопански објекти, тие важат и за домашни и за странски фирми. Само видете во колку општини се издадени успешни тендери за токму вакви стопански објекти, кои оделе по ниски и релативно ниски цени од едно евро за индустриско земјиште и тука да не речам 90 проценти од случаите се купени од домашни инвеститори. Сето она што гледаме да го подобриме од бизнис климата важи за сите подеднакво.
Од аспект на подобрување на бизнис климата, странските инвеститори се жалат дека има проблем со административните лавиринти што им одзема многу време, а нив времето ги чини многу пари. Зошто тој проблем не е решен на ниво кое ќе биде задоволително?
Видете вака, Македонија е земја во развој, значи условите тука не се идеални и странските фирми не доаѓаат тука за да дојдат до идеални услови. Ако имавме идеални услови ќе имавме и плати соодветни на тие идеални услови, како што се во Германија, во Америка и во други развиени земји. И во тие земји има проблеми со тие бирократски лавиринти, со спори постапки, со комитети и комисии итн. Ние не сме изолирана земја од тој аспект. Најрелевнатно е тоа што правиме големи напори да се подобри тој процес во администрацијата, досега имаме масовни и огромни подобрувања, тоа се гледа и по рејтинзите од Светска банка, но главното е тоа што и кога инвеститорите ќе наидат на такви проблеми имаат каде да се обратат, да им се отвори врата што се вели, за да се отсече таа бирократска лента и да се дојде до решение. Таа ситуација не е толку екстремна како што се отсликува.
Како влијае политичката неизвесност поврзана од тоа што Македонија не е членка ниту на ЕУ, ниту на НАТО врз привлекувањето на странски инвестиции?
Па видете вака, денеска и во ЕУ и во НАТО, односно членки на ЕУ и на НАТО имаат катастрофални кризи и ситуации, како на пример Грција која е членка и на ЕУ и на НАТО, која е во еврозната, веќе 5–6 години е во една економска депресија, нешто што се случува во време на војна, а не во мирно време. А имаме и други членки на ЕУ, НАТО, на еврозоната, од кои капиталот бега, едноставно излегува од овие земји кои се членки. Паралелно и во регионот имаме земји како и Македонија и други земји кои не се членки нити на ЕУ, нити на НАТО, нити, пак, во скоро време ќе бидат членки на еврозоната каде капиталот оди, така што факторот дали сме во ЕУ или во НАТО не е толку важен затоа што имате разлики во целиот тој процес. Македонија е постојано и континуирано, поготово во период на ваква криза, многу позитивно оценета и тоа го земаат како еден фактор, дополнуваат и други фактори, работна рака, логистика, инфраструктура, образование, целина на трошоци, купувачи, пазари, добавувачи итн., за да донесат една одлука. Значи НАТО, ЕУ, еврозоната – тие се апсолутно непресудни фактори во овој случај и не се појавиле како пречка.