Достапни линкови

Самак - НАТО не е пресудно за странски инвестиции


Веле Самак, министер за странски инвестиции.
Веле Самак, министер за странски инвестиции.

Министерот Веле Самак вели дека членството во НАТО не е пресудно за привлекување странски инвестиции во земјава. Опозицијата не се согласува со тоа.

Тоа што Македонија не е членка ниту на ЕУ, ниту во НАТО, не е толку важен и пресуден фактор којшто би влијаел врз процесот на привлекување на странски инвестиции, вели министерот за странски инвестиции Веле Самак во интервју за Радио Слободна Европа што ќе биде објавено в недела. Тој додава дека членки на ЕУ и НАТО во изминативе неколку години имаат катастрофални кризи и капиталот од тие земји бега.
Денес инвеститорите, странските инвеститори поготово, доста објективно ги проценуваат ситуациите на терен. Значи НАТО, ЕУ, еврозоната – тие се апсолутно непресудни фактори во овој случај и не се појавиле како пречка.
Веле Самак, министер за странски инвестиции.

Слободната економска зона Бунарџик кај Скопје.
Слободната економска зона Бунарџик кај Скопје.
„Паралелно и во регионот имаме земји како и Македонија и други земји кои не се членки нити на ЕУ, нити на НАТО, нити, пак, во скоро време ќе бидат членки на еврозоната каде капиталот оди, така што факторот дали сме во ЕУ или во НАТО не е толку важен затоа што имате разлики во целиот тој процес. Денес инвеститорите, странските инвеститори поготово, доста објективно ги проценуваат ситуациите на терен. Значи НАТО, ЕУ, еврозоната – тие се апсолутно непресудни фактори во овој случај и не се појавиле како пречка“, вели Самак.
Ако се види нивото на странски директни инвестиции на пример во новите членки на НАТО, Бугарија или Романија, во годините пред да влезат и по влегувањето, после влегувањето инвестициите повеќекратно се зголемиле. Тоа самото покажува дека членството во институција каква што е НАТО е со повеќекратно позитивно значење за потенцијалните странски инвестиции.
Зоран Јовановски, потпретседател на СДСМ.

На обвинувањата од опозицијата дека владата има погрешна стратегија, односно дека со оглед на парите потрошени за привлекување на инвеститорите во Македонија дошле незначителен број од нив, Самак одговори дека опозицијата не се грижи за странските инвестиции и дека нема доволно познавања.

„Досега сето она што го имаме видено од опозицијата е да чекаме на НАТО да ни донесе странски инвестиции. Тоа не е стратегија, треба да бидеш наивен и неодговорен како политичар за да го земеш тоа како стратегија“, вели Самак.

Од друга страна, пак, опозицијата вели дека треба да се погледнат примерите на земјите од регионот кои неодамна станаа членки на НАТО и ќе стане јасно дека со членувањето во НАТО има зголемување на странски инвестиции.

„Ако се види нивото на странски директни инвестиции на пример во новите членки на НАТО, Бугарија или Романија, во годините пред да влезат и по влегувањето, после влегувањето инвестициите повеќекратно се зголемиле. Тоа самото покажува дека членството во институција каква што е НАТО е со повеќекратно позитивно значење за потенцијалните странски инвестиции“, вели Зоран Јовановски од СДСМ.

Тој додава дека членувањето во Алијансата за инвеститорите е показател дека земјата е во рамките на безбедносниот чадор на НАТО, дека исполнува минимум стандарди во поглед на функционирање на судството и основните елементи кои се предуслови за влез во НАТО.

Експертите сметаат дека странскиот капитал е плашлив и тој може да влезе само во земја каде што е загарантирана економска и политичка стабилност, како и безбедносна сигурност.

„Сметам дека самото нечленување во НАТО и во ЕУ можеби ги одвлекува самите инвеститорите да не вложуваат во нашата земја. Оние сериозни инвеститори коишто сакаат да вложуваат во одредена земја ги гледаат сите индикатори“, вели професорката Шенај Хаџимустафа.

Таа додава дека само повисока безбедносно-политичка стабилност на земјата може да биде плодна почва за привлекување странски инвестиции.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG