Достапни линкови

Не е баш Мерцедес, туку за Мерцедес


Откако вчера некои медиуми објавија дека „Мерцедес“ ќе инвестира во Македонија, повикувајќи се на изјави на министерот Веле Самак и градоначалникот на Велес, Горан Петров, прво владата, а сега и градоначалникот демантираат.

Владата се уште не открива кој е инвеститорот што е заинтересиран за отварање фабрика во велешкиот или кавадаречкиот регион. Оттаму велат дека причина за тоа е почитувањето на деловната етика, односно додека компанијата не одлучи да соопшти во јавноста дека ќе инвестира во Македонија, тие ќе се воздражат од соопштување на деталите во јавноста.
Остваривме контакт со министерот Веле Самак, околу можните локации кои ќе ги понуди општина Велес на потенцијалниот инвеститор, во истовреме остваривме контакт и со изведувачите за инвеститорите кои ќе градат фабрика и она што јас го знам е дека се работи за германска фирма што произведува авто делови.
Горан Петров, градоначалник на Велес.

Во последниве неколку дена се шпекулираше дека станува збор за „Мерцедес“, но владата таа инфомација ја демантираше. Таква информација објави и македонската информативна агенција МИА која повикувајќи се на изјава од прес-конференција на градоначалникот на велес Горан Петров, вчера пренесе дека станува збор за германската компанија „Мерцедес“.

Петров тоа го демантира и вели дека такво нешто на прес-конференцијата не кажал и дека грешката е во дописникот на МИА. Владата вчера остро ги демантираше и инфомациите на Утрински весник, каде што се повикуваа на изјава од министерот Веле Самак.

Во демантот е наведено дека
Градоначалникот на Велес Горан Петров.
Градоначалникот на Велес Горан Петров.
станува збор за компанија која ќе произведува електрични инсталаци и кабли кои ќе бидат наменети за автомобилите на „Мерцедес“ во Германија.

Од Владата велат дека станува збор за германска компанија која е слична на „Кромберг и Шуберт“, фирма што одлучи минатиот месец да инвестира
Станува збор за компанија која ќе произведува електрични инсталаци и кабли кои ќе бидат наменети за автомобилите на „Мерцедес“ во Германија.
Соопштение на Владата.

во Битола, а се занимава со производство на компоненти за автомобилска индустрија.

Локацијата за новата фабрика се уште е дел од преговорите на владиниот тим кој го предводи министерот Веле Самак со претставниците на фирмата. Засега се знае дека разговарале за локации во Велес и Кавадарци. Во потрага по инфомација денеска не добивме одговор од министерот Самак. Градоначанлникот на Велес Горан Петров изјави дека има малку инфомации.

„Остваривме контакт со министерот Веле Самак околу можните локации кои ќе ги понуди општина Велес на потенцијалниот инвеститор, во истовреме остваривме контакт и со изведувачите за инвеститорите кои ќе градат фабрика и она што јас го знам е дека се работи за германска фирма што произведува авто делови.“

Тој додава дека засега е договорено само дека компанијата ќе инвестира во земјава, а дилемата дали фабриката да биде изградена во Велес или Кавадарци ја развива и конкуренција меѓу двете општини.

„Апсолутно, мислам дека цело време општините се во некоја конкуренција, како да ги истакнат своите вредности, тоа не е гола конкуренција помеѓу еден или два града, туку едноставно секоја општина сака да го истакне она што го чуствува како предност. За општина Велес тоа е самата местоположба, крстосница меѓу исток-запад и север и југ коридорите.“

Според владините најави, оваа година откако ќе започне проектот, компанијата планира да вработи од 300 до 400 луѓе додека во наредните три години ќе го зголемат бројот на вработени до 4.000.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG