Земјоделците незадоволни од откупната цена на пченицата

Земјоделците, мелничарите и власта се договорија за откупната цена на пченицата, но земјоделците не се задоволни од сумата.
14 денари за килограм е минималната договорена цена по која ќе се откупува годинешниот род на пченица, а за поквалитетното жито ќе има и повисока цена. Ова беше договорено на средбата меѓу министерот за земјоделство Љупчо Димовски, мелничарите и земјоделците во Пелагонија.
Постигнавме некоја солуција за цената која ќе важи за годинешниот род. Како земјоделци не сме задоволни и сметаме дека со оваа цена многу пченица ќе остане да се чува за потребите на стоковите резерви и за некое подобро време.
Вељо Тантаров, земјоделец..

Но, земјоделците не се задоволни од договореното зашто побаруваа 15 денари за килограм.

„Постигнавме некоја солуција за цената која ќе важи за годинешниот род. Како земјоделци не сме задоволни и сметаме дека со оваа цена многу пченица ќе остане да се чува за потребите на стоковите резерви и за некое подобро време“, изјави Вељо Тантаров.

„Како земјоделци кажуваме дека нема да ја дадеме пченицата под 15 денари зашто има ниски приноси. Во прилепско ќе ја однесиме пченицата на чување“, вели земјоделецот Драган Мицевски.

Дефинирање на откупна цена на пченица од 14 денари значи за онаа со најмал кавлитет. Повисокиот квалитет ќе има и повисока цена.
Љупчо Димовски, министер за земјоделство.
Мелничарите, пак, изјавија дека, откако ќе почне откупот, тогаш ќе можат да кажат колку пари ќе го плаќаат житото.

„Цената ќе биде објавена кога ќе почне да се откупува житото“, изјави Благој Стојчев, сопственик на мелничката индустрија „Млин Стојчев“ од Битола.

Сепак, министерот Димовски останува на тврдењето дека цената е договорена и ќе треба да се почитува.

„Дефинирање на откупна цена на пченица од 14 денари значи за онаа со најмал кавлитет. Повисокиот квалитет ќе има и повисока цена. Ако во источниот дел на Македонија, каде е почната жетвата, се откупува по пониска цена, тоа ќе треба да се ревидира“, изјави Димовски.

Тој најави строги контроли на откупот со цел да се отстрани појавата на диви откупувачи на жито.

Инаку, поради сушата, годинешните приноси на лебно зрно во најголемата житница во земјава, Пелагонија ќе бидат намалени за 30 отсто.