Достапни линкови

Земјоделците се крстат во субвенциите


Федерацијата на фармери бара 20 проценти повисока поддршка за регистрираните земјоделци како мотивација да инвестираат во земјоделието.

Високи износи кои во било кое време помагаат за развој на земјоделската дејност или многу пари фрлени во погрешно време? Земјоделците и упатените се со поделени мислења околу ефектите на владините субвенции за земјоделците.
Земјоделците со поскапување на нафтата, што е ударна сила во производството, ококу 70 отсто од трошоците во земјоделието се за нафта и ѓубрива и чекаат секој ден. Токму зборувам со еден земјоделец, вели немам скршен денар, чекам субвенции за млекото, субвенции за пченицата, за тутунот не ни се доплатени.
Тоде Лазаревски, земјоделец.

Земјоделецот Тоде Лазаревски вели дека имајќи ги предвид последните случувања, со нетрпение се чека следната уплата.

„Земјоделците со поскапување на нафтата, што е ударна сила во производството, ококу 70 отсто од трошоците во земјоделието се за нафта и ѓубрива и чекаат секој ден. Токму зборувам со еден земјоделец, вели немам скршен денар, чекам субвенции за млекото, субвенции за пченицата, за тутунот не ни се доплатени.“

Законски рокот за исплата не е пробиен, но се плашиме од тоа, вели Лазаревски.
Ниските цени на некои земјоделски производи, да речеме моментално оризот има многу ниска цена, и таа ниска цена на некој начин ги разочарува земјоделците, но таа е состојбата на пазарот – поголемо производство, а помала побарувачка.
Илија Каров, универзитетски професор.

„Ако не ми платат не можам ни ѓубриво да фрлам. Сите си планираме. Не беше пракса да се доцни со субвенциите, отпрво ги даваа во истата година, до Нова година, сега законот е до идната година, ние треба тоа да го знаеме, да ги очекуваме парите оти земјоделието е многу итна работа.“

Други земјоделци се жалат и на ниски откупни цени на нивните производи.

„Од лани, од прелани доста е намалена.“

Професорот Илија Каров смета дека поголем број земјоделци се задоволни од субвенциите.

„Ниските цени на некои земјоделски производи, да речеме моментално оризот има многу ниска цена, и таа ниска цена на некој начин ги разочарува земјоделците, но таа е состојбата на пазарот – поголемо производство, а помала побарувачка.“

Претседателот на федерацијата на фармери на Македонија Андреја Секуловски во име на организацијата апелира за поставување на точна временска рамка за исплата, долгорочно планирање на програмата од три до пет години, како и детални анализи за секој од секторите.

„Понатаму, 20 проценти повисока поддршка за регистрираните земјоделци како мотивација земјоделците да инвестираат во земјоделските стопанства и јасни процедури во реализација на мерките и поедноставување на административните трошоци едноставно кога се аплицира во овие програми.“

Вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи годинава изнесува околу 16 милиони евра, јавуваат медиумите. Владата, пак, ја усвои годинашната програма за поддршка на земјоделството во вредност од 113 милиони евра. Субвенциите се поголеми за 12 отсто од лани.
XS
SM
MD
LG