Достапни линкови

Земјоделците добиваат пари само преку протести


Протести, преговарања, па решенија. Ова е модел според кој земјоделците си ги остваруваат своите права. Државата треба да определи што и е стратешка цел во земјоделството, порачуваат експертите.

Лозарите од Овчеполието и кавадаречко на протести ги бараат нивните побарувања во висина од над два милиони евра од претпријатија од тиквешкиот регион кои откупувале грозје. Комбинатот не работи откако директорот избегал во странство. Како ќе се одвива бунтот на лозарите во Свети Николе останува да се види. Но веќе сме навикнати на напредок според моделот - неколку денови блокади и протести па договори за наоѓање решение.
Ова конкретно деновиве што е протест, тоа е резултат на пазарното стопанство , со кого работите, на кого му продавате или од кого купувате, и ризикувате да изгубите. Се собираат за да направат притисок нешто да се спаси, треба да му дадат овластување на некого, да ги застапува како некоја странка таму, а вака поединечно ќе останат со празни раце имаат мали барања.
Борис Анакиев, професор

„Ова конкретно деновиве што е протест, тоа е резултат на пазарното стопанство, со кого работите, на кого му продавате или од кого купувате и ризикувате да изгубите. Се собираат за да направат притисок нешто да се спаси, треба да му дадат овластување на некого, да ги застапува како некоја странка таму, а вака поединечно ќе останат со празни раце имаат мали барања“, коментира професор Борис Анакиев.

Претходно проблеми имаа тутунарите и откупувачите кои со часови постигнуваа договор за повисоки октупни цени. Имаше и поделби меѓу земјоделците. Индикативен беше и примерот, не само со тутунот, туку и со пченицата. Еден килограм сега достигна цена од 15 до 17 денари, а за време на жетвата се нудеше по цена од осум денари. Земјоделците истакнуваат дека работите далеку подобро би се
развивале кога од државниот буџет во земјоделската каса би се слевале повеќе пари.

„ Ако не би биле субвенциите ние ќе се откажеме од производство на пченица , ние кои имаме под закуп земја, значи субвенциите сепак се една подршка“, вели Тоде Лазаревски.

Ако не би биле субвенциите ние ќе се откажеме од производство на пченица , ние кои имаме под закуп земја, значи субвенциите сепак се една подршка.
Тоде Лазаревски, земјоделец.
Експертите велат дека буџетот кој се издвојува за земјоделството е реален со оглед на вкупните состојби. Според нив, најважно е државата да определи кои се нејзини стратешки култури.

„Овие 115 милони минатата година се сосема доволни според нашите можности на државата. Сега расправата внатре е многу дискутабилна, дали треба да ги подржуваме лозарството или житните култури... нема изработено долгорочна програма да ги определи националните приоритети“, вели Анакиев.

Она што и Здруженијата на земјоделци го иницираат е дека мора земјоделците да бидат навремено информирани што всушнот треба да садат. За жал тоа државата се уште не го прави, а тоа е поврзано и со надворешниот извоз и со пазарите во опкружувањето, заради тоа што производството на земјоделските производи во моментов е нужно потребно да го следи надворешниот пазар, бидејќи на внатрешниот пазар ние имаме хипер понуда.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG