Прилепските земјоделци велат ситуацијата ќе биде рамна на елементарна непогода. На некои ниви штетите се до 30 отсто, а на други родот може да биде и преполовен. Земјата е сува, не дава да никне житото, затоа и обемот на производство, годинава е значително намален.
„Доколку ситуацијата се подобри, ако паднат тие есенски дождови, она што не е засеано, околу 30 отсто и ако даде времето, без оглед што е доцна, ние како земјоделци ќе се обидеме да го надополниме она што во овој момент е изгубено или непосеано“,вели Перо Стојкоски, претседател на земјоделското здружение Клас од Прилеп.
Фармерите се жалат дека трпат големи штети, дека не ќе можат да се справат со последиците од сушата без парична помош од државата. Трошоците за нафта од 70 денари за литар, семенски материјал од 23 до 27 денари за килограм и старата механизација, не им даваат можност за опстанок, а не за заработувачка.
„Треба да имаме поубава механизација, не можеме да посееме затоа што е суша. Меѓутоа ако имаме добра механизација, нема тој проблем да го разговараме“, забележува Стојкоски.
Фармерите од овој регион бараат Министерството за земјоделство итно да интервенира,да формира Фонд за исплата на отштета, како единствена можност да се ублажат последиците од сушата.
„Апелираме до Министерството за земјоделство да се формира Фонд за штети. Фондот ќе има за цел да ги покрие трошоците на земјоделците.Тој Фонд треба и брзо да се регистрира“, вели Стојкоски, пренесувајќи го ставот на прилепските индивидуални производители.
Од друга страна, според нив преку Фондот треба да се изврши и итна исплата на субвенциите. Па наместо да се чека во предвидениот рок од 2 години, производителите на жито, да ги добијат парите и тоа со зголемување од 20 отсто во однос на сегашните 8.000 денари за посеан хектар со лебно зрно.
Производителите се крајно незадоволни и се чувствуваат изиграни, затоа што на крајот на годинава се уште не им се откупени околу 5.000 тони пченица од годинешната реколта.
Апелираме до Министерството за земјоделство да се формира Фонд за штети. Фондот ќе има за цел да ги покрие трошоците на земјоделците.Тој Фонд треба и брзо да се регистрира.Перо Стојкоски, Здружение Клас.