Го прикриваме доцнењето во интеграциите со некакви неформални преговори. Крајно време е да сфатиме дека треба да го решиме спорот за името, вели Ермира Мехмети од ДУИ.
Во она што претставува евроатлантско интегрирање на Македонија, повеќето пораки на САД, наместо кон пресудата од Хаг која беше во полза на Македонија, беа свртени кон тоа дека интегрирањето подразбира решавање на спорот околу името со Грција.
Дебатата на оваа тема помеѓу политичките партии не ги следи истите линии. Дури и некои од претставниците на интегративците кои ја делат власта со ВМРО-ДПМНЕ признаваат дека има задоцнување од страна на владата, но практично не кажуваат што тие прават да се забрза процесот. На прашањето како власта ги сфаќа пораките од САД, Ермира Мехмети од ДУИ изјави дека нема дилема дека пораките претставуваат константа за тоа што би требало Македонија да направи за да може да го одблокира евроинтеграцискиот процес.
„Сето останато што се прави од страна на владата всушност претставува само губење време. Секој ден е сè појасно дека доцниме со интеграциската агенда и за жал се обидуваме тоа да го прикриваме со некакви неформални преговори или некаков дијалог со нашите меѓународни партнери. Она што е крајно време да се сфати сериозно е дека ние треба да го решиме спорот за името“, вели Мехмети.
За разлика од ова, Теута Арифи, вицепремиерката за евроинтеграции, постојано се фали дека интеграциските процеси не се закочени, повикувајќи се на претпристапниот дијалог кој Македонија го започна со Европската унија пред неколку месеци.
Од ВМРО-ДПМНЕ не кажаа ништо на оваа тема.
Кога се во прашање евроинтеграциите на Македонија и пораките што ги добиваме од САД, во СДСМ велат дека владата во континуитет не сака да ги слушне иле не сака да ги разбере пораките. Според Радмила Шеќеринска, токму поради тоа се наоѓаме во ситуација која изгледа безизлезна.
„Уште од 2008 година, Груевски покажа дека пораките од Вашингтон ги сфаќа несериозно и тогаш го испуштивме периодот кога бушовата администрација беше навистина заинтересирана да и помогне на Македонија. Денеска може само да жалиме за таа испуштена шанса“, вели Шеќеринска.
На тема европски и НАТО интеграции, Шеќеринска смета дека сме ги испуштиле шансите за решавање на спорот и во период кога во Грција на власт беше премиер кој сепак покажуваше поголем интерес за наоѓање решение, а тоа Папандреу.
САД во континуитет ѝ пружаат поддршка на Македонија и не признаа под уставното име. Во рамки на таа соработка, вчера американскиот амбасадор Пол Волерс изјави дека пријателството меѓу неговата земја и Република Македонија не е површно. Во очекување сме да видиме што ќе постигнете откако ќе го заземете своето заслужено место на масата, како рамноправна членка на евро-атлантската заедница, изјави амбасадорот Волерс.
Сето останато што се прави од страна на владата всушност претставува само губење време. Секој ден е сè појасно дека доцниме со интеграциската агенда и за жал се обидуваме тоа да го прикриваме со некакви неформални преговори или некаков дијалог со нашите меѓународни партнери. Она што е крајно време да се сфати сериозно е дека ние треба да го решиме спорот за името.Ермира Мехмети, ДУИ.
Дебатата на оваа тема помеѓу политичките партии не ги следи истите линии. Дури и некои од претставниците на интегративците кои ја делат власта со ВМРО-ДПМНЕ признаваат дека има задоцнување од страна на владата, но практично не кажуваат што тие прават да се забрза процесот. На прашањето како власта ги сфаќа пораките од САД, Ермира Мехмети од ДУИ изјави дека нема дилема дека пораките претставуваат константа за тоа што би требало Македонија да направи за да може да го одблокира евроинтеграцискиот процес.
„Сето останато што се прави од страна на владата всушност претставува само губење време. Секој ден е сè појасно дека доцниме со интеграциската агенда и за жал се обидуваме тоа да го прикриваме со некакви неформални преговори или некаков дијалог со нашите меѓународни партнери. Она што е крајно време да се сфати сериозно е дека ние треба да го решиме спорот за името“, вели Мехмети.
Уште од 2008 година, Груевски покажа дека пораките од Вашингтон ги сфаќа несериозно и тогаш го испуштивме периодот кога бушовата администрација беше навистина заинтересирана да и помогне на Македонија. Денеска може само да жалиме за таа испуштена шанса.Радмила Шеќеринска, СДСМ.