Достапни линкови

Што може да се очекува од Самарас?


Новиот премиер на Грција Андонис Самарас, за некои е тврдоглав политичар кој стои зад своите ставови, за други пак, амбициозен опортунист кому конечно му успеа да дојде до врвот на власта. Како и да е, неговата долга политичка кариера го означува како експлозивен националист.

„Од грчкиот народ барам патриотизам, национално единство и доверба. Со божја помош, ќе направиме се што можеме да ја извлечеме земјата од оваа криза што е можно поскоро. Многу добро знам дека грчкиот народ е повреден и дека треба да си го врати достоинство“, изјави шеесет и едногодишниот Андонис Самарас кој вчера положи заклетва како нов грчки премиер.

Барам од грчкиот народ патриотизам, национално единство и доверба. Со Божја помош, ќе направиме се што можеме да ја извлече земјата од оваа криза што е можно поскоро. Многу добро знам дека грчкиот народ е повреден и дека треба да си го врати достоинство.
Андонис Самарас, премиер на Грција.
Тоа е кулминација на скоро 35-годишниот раст на лидерот на конзервативците во кое имаше еден остар пад, најмалку две политички свртувања и многу огнено ораторство.

Економист по образование, Самарас дипломира во 1974 на американскиот колеџ Амхерст, каде што цимер му бил социјалистот Јоргос Папандреу, а потоа зема мастер на Харвард.

Историјата на неговото семејство во кое има многу политичари можеби најдобро отсликува зошто тој е во најдесното националистичко крило на Нова демократија која ја раководи од пред три години. Неговата прабаба Пенелопа Делта, прославена авторка на патриотски книги за деца, извршила самоубиство во 1941 година за да не го гледа влегувањето на германските тенкови во Атина.
Ми олесна. Ми олесна за Грција и за Европа.
Андонис Самарас, премиер на Грција.


Откако дипломира, Самарас со 26 години стана еден од најмладите грчки пратеници, наследувајќи го неговиот чичко во изборната единица на југот на Пелопонез.

Неговата кариера не беше без контроверзи кои како лузни и денес го следат во сопствената партија.

Неговиот нефлексибилен став во се уште нерешениот спор околу името на соседна Македонија го чинеше во 1992 година губење на функцијата министер за надворешни работи.

Неговата националистичка непомирливост во врска со овој спор доведе и до паѓање на владата на неговиот ментор Константин Мицотакис. За некои, Самарас не само што ја издал Нова демократија, туку покажал неодговорност за кризата на Балканот. Тогаш ја напушта партијата и формира своја за по 11 години да и се врати како министер за култура.
Лидерот на Нова демократија Андонис Самарас и лидерот на ПАСОК Евенгелос Венизелос
Лидерот на Нова демократија Андонис Самарас и лидерот на ПАСОК Евенгелос Венизелос

Шеф на Нова демократија станува по избувнувањето на економската криза во Грција која мораше да се решава со помош од надвор. Тој најпрвин гласаше против меѓународниот спасувачки пакет, потоа за пакетот, а сега вели дека ќе го менува.

Партнерите на Грција во еврозоната се прашуваат што навистина можат да очекуваат од Самарас. Особено ако се знае дека тој мора да оди по тенката линија меѓу разлутените гласачи кои се против мериките за штедење што ќе ја турнат земјата во поголема рецесија и странските кредитори кои велат дека договорот може да се менува, но не и да се пишува наново.

Прославувајќи ја победата на изборите тој за агенцијата Ројтерс изјави:

„Ми олесна. Ми олесна за Грција и за Европа.“

Тоа олеснување е крајно лично, но може да е и краткотрајно, со оглед на нивото на проблемите што го чекаат во кабинетот.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG