Над 30 насто од вкупниот број на разводи во Дебар и Центар Жупа се спогодбени за да може еден од сопружниците да оствари одредени интереси во западноевропските земји.
Последниве години во пораст е бројот на спогодбените разводи на брак во општините Дебар и Центар Жупа. Над 30 насто од вкупниот број на разводи во двете наведени општини, според претставниците на меѓуопштинскиот Центар за социјални работи во Дебар, се разводи од формален карактер и тоа се претежно разводи за остварување на одредени интереси на наши печалбари кои работаат во западноевропските земји.
Има случаи кога мажите се разведуваат во согласност со нивните сопруги, за да потоа склучат брак со странски државјанки, таму каде што работат за да добијат соодветна документација и да обезбедат работа.
„Во нашите општини појавата на фиктивни односно спогодбени разводи е присутна. Тоа се разводи од формален карактер за сопружниците да остварат одредени права. Брачните другари претежно живеат во странство. Тие поднесуваат барање за спогодбен развод овде кај нас, но кога започнува постапката за помирување и двајцата сопружници не се тука. Тие ни доставуваа Спогодба за уредување на односите со децата, плаќањето на алиментација, начинот на комуникацијата со децата, но ние како стручен тим не сме во можност да работиме со брачниот пар и да утврдиме дали ќе се јаваат конфликти. Од тука мировната спогодба и не може да се реализира. Ние воедно не сме во можност да ги утврдиме условите на брачните другари кои се разведуваат за да посочиме каде би живееле децата“, истакнува социјалниот работник Исмаил Мерсимовски, раководител на стручниот тим во меѓуопштинскиот Центар за социјални работи во Дебар.
Според него, некои од овие разводи стануваат и вистински, а последиците се тешки за сите членови на семејството.
„Со оглед на тоа дека некои од овие разводи на брак стануваат вистински, нашата улога и задача е тоа да го укажуваме на странките, но тие не се тука и тој дел од работата на тимот не е во можност да се спроведе“, вели Мерсимовски.
Податоците говорат дека најчесто спогодбени разводи има кај наши печалбари кои се на работа во Италија, Германија и во Луксембург.
Во нашите општини појавата на фиктивни односно спогодбени разводи е присутна. Тоа се разводи од формален карактер за сопружниците да остварат одредени права. Брачните другари претежно живеат во странство. Тие поднесуваат барање за спогодбен развод овде кај нас, но кога започнува постапката за помирување и двајцата сопружници не се тука.Исмаил Мерсимовски, социјален работник .