Во Центарот за социјални работи во Куманово во последната половина година регистрирани се 80-ина бракоразводи, стотина пореметени брачни односи и 30-ина разводи во постапка, вели психологот Сузана Митровска раководител на Брачното советувалиште.
„Економската моќ во смисла на материјалните средства за егзистенција, прељуба, алкохол на еден од брачните другари, а поретко меѓусебна нетрпеливост која се јавува во поодмината фаза на бракот.“
Митровска за илустрација наведува:
„По 15 години брачно живеење, кога децата се во пубертет, паѓа степенот на толеранција, непочитување, губење доверба, доаѓа до сепарација на брачните другари. Економската моќ се одразува така што со зголемување прилив на средствата на луѓето кои се на работа во странство. Тогаш животот се гледа низ призма на парите и се менува однесувањето во семејството. Или ако веќе постоела нетрпеливост, сега се става крај. Ако еден брачен другар трпел понижување и деградирање и кога заминал во странство веќе не ја трпи таа состојба и одлучува да живее сам.“
Материјалните средства се причина и за целосна промена на однесувањето на еден од брачните другари,така што:
„Не е нормално за однесувањето во брачната заедница. Тоа влијае на промената во бракот, односот со децата, од низок сталеж во општеството сега скока на повисоко ниво, ги менуваат своите пријатели, се дружат со луѓе кои се на нивно материјално ниво, можат нешто што порано не можеле да си го имаат.“
Не ретко се јавува и прељуба:
„Прељубата е исто така честа појава. Најчесто едниот брачен другар по поминување на љубовта од една во друга фаза на бракот, се јавуваат љубовни авантури. Има и авантури и кога се нерасчистени брачните однос“, вели Миторвска.
Конкретно за печалбарските бракови чиј број е голем, или како што вели Митровска, речиси секој втор брак се соочува со проблеми.
„И тука има влијание материјалната страна, прељубата. Измешани се причините.“
Сирмошаните бракови се распаѓаат поради болест на еден од партнерите или алкохол, а сето тоа е во причинско-последична врска.
За влијанието на разводите врз децата Митровска вели:
„Подобро е добар развод, отколку лош брак во кој децата најповеќе трпат и директно или индиректно се жртви на нарушените односи. Во семејства каде што постои комуникација меѓу родителите децата не трпат тешки последици, во спротивно децата се препуштени на едниот родител, а другиот родител останува без обврска. И се оддалечува од нив, особено ако тоа е кога децата се во пубертет или се адолесценти.“
Стручниот тим во Советувалиштето составен од психолог, педагог, социјален работник и правник им помага на семејствата со нарушени брачни односи, иако не ретко тоа е долг процес. Успехот е во случаите кога брачните другари ќе сфатат како да ги надминат проблемите.
„Економската моќ во смисла на материјалните средства за егзистенција, прељуба, алкохол на еден од брачните другари, а поретко меѓусебна нетрпеливост која се јавува во поодмината фаза на бракот.“
Економската моќ во смисла на материјалните средства за егзистенција, прељуба, алкохол на еден од брачните другари, а поретко меѓусебна нетрпеливост која се јавува во поодмината фаза на бракот.
Митровска за илустрација наведува:
„По 15 години брачно живеење, кога децата се во пубертет, паѓа степенот на толеранција, непочитување, губење доверба, доаѓа до сепарација на брачните другари. Економската моќ се одразува така што со зголемување прилив на средствата на луѓето кои се на работа во странство. Тогаш животот се гледа низ призма на парите и се менува однесувањето во семејството. Или ако веќе постоела нетрпеливост, сега се става крај. Ако еден брачен другар трпел понижување и деградирање и кога заминал во странство веќе не ја трпи таа состојба и одлучува да живее сам.“
Материјалните средства се причина и за целосна промена на однесувањето на еден од брачните другари,така што:
„Не е нормално за однесувањето во брачната заедница. Тоа влијае на промената во бракот, односот со децата, од низок сталеж во општеството сега скока на повисоко ниво, ги менуваат своите пријатели, се дружат со луѓе кои се на нивно материјално ниво, можат нешто што порано не можеле да си го имаат.“
Не ретко се јавува и прељуба:
„Прељубата е исто така честа појава. Најчесто едниот брачен другар по поминување на љубовта од една во друга фаза на бракот, се јавуваат љубовни авантури. Има и авантури и кога се нерасчистени брачните однос“, вели Миторвска.
„Брачен другар кој не извршил прељуба, останал со децата кои не ги дава на видување. Тогаш има негативни интеракциски односи. Дисбаланс во семејството.“
Подобро е добар развод, отколку лош брак во кој децата најповеќе трпат и директно или индиректно се жртви на нарушените односи.