Опозицијата не е изненадена од пораките на Волерс за неопходноста од решавање на спорот за името со Грција. Власта молчи.
Пораките за оправданоста на евроатланската иднина на земјава и потребата да се реши спорот за името само доколку се има политичка волја, кој вчера ги упати американскиот амбасадор Пол Волерс, за опозицијата не се изненадување. Тоа е ставот на Соединетите Држави кој во континуитет го слушаме, велат од Социјалдемократскиот Сојуз, посочувајќи дека политичка волја за решение нема.
„Практично се консеквентни на она што е нивна позиција од почетокот. Сето друго е прашање што треба да се упати на сметка на оној што ја носи одговорноста во оваа држава и еднаш конечно треба да ја преземе, а тоа е Владата на Република Македонија“, изјави Андреј Петров од СДСМ.
Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ не сакаа да ги коментираат пораките на Волерс. Велат дека во овој период владее зголемена политичка тензија околку спорот за името и НАТО, па секоја изјава дадена на таа тема би можело погрешно да се сфати и протолкува.
Партиите од албанскиот политички блок го повторуваат ставот дека името останува главниот предизвик за влез во Алијансата, а токму НАТО треба да остане наша стратешка цел.
„Не можеме да коментираме што сакал да каже амбасадорот Волерс. Можеби амбасадорот мислел дека двете страни треба да попуштат за името. Ставот на ДУИ е познат, ние перманентно се залагаме за изнаоѓање на решение, но очигледно состојбите во Грција не ни одат во прилог“, изјави Сузана Салиу од Демократската Унија за интеграција.
Од Демократската партија на Албанците го обвинуваат македонскиот политички блок за немање волја да го затворат прашањето за името. Пораките од Соединетите Држави се добронамерни и ниту еден граѓанин не смее да има дилеми околу тоа, вели Зијадин Села од ДПА.
„Македонија има среќа што ги има САД за пријатели што се грижат за стабилноста на Република Македонија. Една порака до сите граѓани Македонци, да не мислат дека нивните лидери се големи патриоти, не им е до името колку што им е до рејтингот на политичките партии што ги претставуваат.“
Амбасадорот Волерс вчера повтори дека Соединетите Држави ја поддржуваат евроатланската иднина на Македонија и оти на земјава не и треба Самит за да стане членка на овој клуб, туку тоа ќе се случи веднаш по решавањето на билатералниот спор за името со Грција.
„Не размислувам негативено и не сум песимист дека ова е процес што никогаш нема да се реши. Мислам и сигурен сум дека ќе се реши. Треба само да се има политичка волја и лидерство од двете страни да се надминат недоразбирањата и да се донесат тешките одлуки. Нема да биде лесно, тоа ќе бара болни и тешки одлуки и компромиси, но сигурен сум дека тоа ќе се случи. Прашање е кога, а не дали ќе се реши“, изјави Волерс.
Практично се консеквентни на она што е нивна позиција од почетокот. Сето друго е прашање што треба да се упати на сметка на оној што ја носи одговорноста во оваа држава и еднаш конечно треба да ја преземе, а тоа е Владата на Република Македонија.Андреј Петров, СДСМ.
„Практично се консеквентни на она што е нивна позиција од почетокот. Сето друго е прашање што треба да се упати на сметка на оној што ја носи одговорноста во оваа држава и еднаш конечно треба да ја преземе, а тоа е Владата на Република Македонија“, изјави Андреј Петров од СДСМ.
Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ не сакаа да ги коментираат пораките на Волерс. Велат дека во овој период владее зголемена политичка тензија околку спорот за името и НАТО, па секоја изјава дадена на таа тема би можело погрешно да се сфати и протолкува.
Не можеме да коментираме што сакал да каже амбасадорот Волерс. Можеби амбасадорот мислел дека двете страни треба да попуштат за името. Ставот на ДУИ е познат, ние перманентно се залагаме за изнаоѓање на решение, но очигледно состојбите во Грција не ни одат во прилог.Сузана Салиу, ДУИ.