Извозот во првите три месеци од годинава е намален за речиси девет насто во однос на истиот период минатата година.
Извозот во првите три месеци од годинава во однос на минатата е намален за речиси девет насто, според последните податоци на Државниот завод за статистика. Тоа, според експертите, ќе има негативни ефекти врз домашнаото стопанство, бидејќи тоа е предуслов за опстанок на една мала економија како нашата. Најголем дел од извозот се врши во земјите-членки на ЕУ, а најзастапени производи се благородните метали, производите од железо и челик, како и преработките од нафта и облека.
Претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија Мендерес Кучи вели дека загрижува фактот што според нивните сознанија домашното производство и обртот на пари во некои гранки е намален за 40 до 70 насто.
„Мислиме дака уште полошо ќе биде, кога е во прашање надворешниот пазар, затоа што нам ни се познати движењата на европскиот пазар каде што ние оперираме. Тоа ќе има последица на увозот, бидејќи има некои работи кои што се увезуваат за извоз. Ако нема извоз значи ќе нема ни увоз. Меѓутоа општо се ќе влијае на Бруто домашниот производ“, вели Кучи.
Професор Ванчо Узунов вели дека намалениот извоз покажува дека нешто во ред во домашната економија и не треба да се дозволи таквиот тренд да продолжи и во наредните месеци.
„Компаниите ќе почнат да стануваат непрофитабилни и ќе почнуваат да намалуваат обем на работа. Најверојатно тоа во Макеоднија не оди директно, но со тек на време ќе отупштаат и вработени. Нема да исплаќаат плати и придонеси и така тоа од компаниите ќе се пренесе на целата економија“, вели Узунов.
Според Кучи, излезот компаниите треба да го бараат во пласирањето на нивните производи во соседните земји.
„Ни останува да се осврнуваме малку повеќе на регионалниот пазар, а тоа е Косово, Албанија, Бугарија, Србија. Тука да бараме спас“, додава Кучи.
Узунов смета дека е потребно најпрвин да се направи анализа кои се причините и какви мерки би биле преземени.
„Потоа на краток рок да се интервенира некако со олеснување на ситуацијата на извозниците за да може нешто да се спаси до крајот на годината, падот да не биде толкав“, смета Узунов.
Македонија најмногу тргува со Германија, Грција, Србија, како и Русија и Бугарија.
Мислиме дака уште полошо ќе биде, кога е во прашање надворешниот пазар, затоа што нам ни се познати движењата на европскиот пазар каде што ние оперираме. Тоа ќе има последица на увозот, бидејќи има некои работи кои што се увезуваат за извоз. Ако нема извоз значи ќе нема ни увоз. Меѓутоа општо се ќе влијае на Бруто домашниот производ.Мендерес Кучи, Претседател на Стопанската комора на северозападна Македонија.
Претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија Мендерес Кучи вели дека загрижува фактот што според нивните сознанија домашното производство и обртот на пари во некои гранки е намален за 40 до 70 насто.
„Мислиме дака уште полошо ќе биде, кога е во прашање надворешниот пазар, затоа што нам ни се познати движењата на европскиот пазар каде што ние оперираме. Тоа ќе има последица на увозот, бидејќи има некои работи кои што се увезуваат за извоз. Ако нема извоз значи ќе нема ни увоз. Меѓутоа општо се ќе влијае на Бруто домашниот производ“, вели Кучи.
Професор Ванчо Узунов вели дека намалениот извоз покажува дека нешто во ред во домашната економија и не треба да се дозволи таквиот тренд да продолжи и во наредните месеци.
На краток рок да се интервенира некако со олеснување на ситуацијата на извозниците за да може нешто да се спаси до крајот на годината, падот да не биде толкавВанчо Узунов, универзитетски професор.