Куќата ја изгубија, главата ја спасија

Опожарената куќа на семејството на Селајдин Јашароски од Прилеп.

Семејството Јашароски од Прилеп остана без покрив на главата, откако во пожар им изгоре куќата и покуќнината. Среќни се што никој не е повреден, зашто во моментот на несреќата сите биле во куќата.
Без покрив над главите, без пари и надеж за подобра иднина остана семејството на Селајдин Јашароски од Прилеп, откако во пожар до темел им изгоре трошната куќа. И досега живееле сиромашно, саделе тутун за да си обезбедат минимални средства за живот, но пламените јазици за миг им го преворија домот во пепел.
Бев надвор во дворот јас, жената беше внатре, слушнав само експлозија, мавна експлозија, се се запали, до струјомерот, тука беше и од тука почна експлозијата. Едвај ја извадив од внатре, со сила, ако гориш ти, реков, горам и јас. Брзо беше, сето ова ми жежи од огнот од пламенот, ја истргав долу, ја влечев.
Селајдин Јашароски од Прилеп.

Огнот им ја изгоре покуќнината и мала сума пари која ја чувале за црни денови. Велат задоволни се што сепак успеале да спасат живи глави, зашто во моментот на несреќата сите биле во куќата. Чуле стравотна експлозија. Оган избил во струјомерот што се наоѓал надвор од куќата, а потоа распламтил и изгорел се до темел. Од преживеаниот шок, домаќинката итно е префрлена во болница, каде и е пружена и адекватна медицинска помош.

Опожарената куќа на семејството на Селајдин Јашароски од Прилеп.


„Бев надвор во дворот јас, жената беше внатре, слушнав само експлозија, мавна експлозија, се се запали, до струјомерот, тука беше и од тука почна експлозијата. Едвај ја извадив од внатре, со сила, ако гориш ти, реков, горам и јас. Брзо беше, сето ова ми жежи од огнот од пламенот, ја истргав долу, ја влечев“, раскажува се уште вознемирен од стравотниот чин, сопственикот на куќата Јашароски.

Соседите кои сочувствуваат со маката на Јашароски, велат дека се обиделе, но не успеале да им помогнат, за да спасат дел од покуќнината. Бидејќи пламените јазици пеплосале се, за многу кусо време.

„Не можеше ништо да се спаси, не можевме што да му помогнеме, се јавивме во пожарна, во полиција, во ЕВН, тоа, друго не можеше ништо да се спаси. Ако се може народот нешто да му даде, да му се помогне на човекот. Тутунот му изгоре, парите, се му изгоре внатре што имаше, сите пари му изгореа. Нема сега каде ќе спијаат, каде ќе седат луѓето, мора нешто да му се помогне, гревота се, ако сакаат сите граѓани да му помогнат нешто“, вели Милева Јашароска, блиска роднина на ова сиромашно семејство.

Од Територијалната противпожарна единица велат дека веднаш интервенирале, со 3 возила и 7 пожарникари, но не успеале да направат повеќе. Силниот ветер што дувал без прекин, ја отежнувал ситуацијата.

Од локалната самоуправа информираат дека согласно со законот, како и на сите други семејства кои се соочуваат со вакви несреќи, ќе им биде доделена одредена парична помош. Паралелно апелираат до хуманите граѓани и стопански субјекти во рамките на можностите да му се помогне на ова семејство.