Макeдонија и Црна Гора со заедничка европска иднина

Претседателот Ѓорге Иванов се сретна со неговиот црногорски колега Филип Вујановиќ во Скопје.

Претседателите на Македонија и на Црна Гора, Ѓорге Иванов и Филип Вујановиќ очекуваат позитивни сигнали од Самитот на НАТО во Чикаго.
Претседателите на Македонија и Црна Гора, Ѓорге Иванов и Филип Вујановиќ оценија дека двете земји имаат заеднички цели - интегрирање во евро атлантските организации. Случувањата поврзани со именувањето на Црна Гора за кандидат за членство во ЕУ и отпочнувањето дијалог на виско ниво на Македонија со ЕУ се потенцирани како настани кои ги отвраат европските перспективи на двете земји кон ЕУ.
Го поздравивме именувањето на Црна Гора за кандидат за членство во ЕУ со една јасна перспектива за отворање преговори за членство. Го информирав Вујановиќ и за значењето на вчерашниот ден во Македонија и отпочнувањето на дијалогот на виско ниво кој ни ги отвора перспективите кон ЕУ, и кога конечно се напушта една статус кво ситуација.
Ѓорге Иванов, претседател на Македонија.

„Го поздравивме именувањето на Црна Гора за кандидат за членство во ЕУ со една јасна перспектива за отворање преговори за членство. Го информирав Вујановиќ и за значењето на вчерашниот ден во Македонија и отпочнувањето на дијалогот на виско ниво кој ни ги отвора перспективите кон ЕУ, и кога конечно се напушта една статус кво ситуација“, изјави Иванов.

Претседателот Ѓорге Иванов се сретна со неговиот црногорски колега Филип Вујановиќ во Скопје.


Црна Гора, како што рече Вујановиќ, очекува во јуни да добие можност за датум за преговори за членство во ЕУ и дека земјата вредно работи на тоа поле. Тема на разговорите бил и претстојниот самит на НАТО во Чикаго од кој двајцата претседатели очекуваат позитивни заклучоци за регионот. Во однос на членството во НАТО, тој нагласи дека Црна Гора ги има исполнето сите услови за членство во Алијансата и оти од Самитот во Чикаго треба да се очекуваат позитивни сигнали за двете земји.

„Разговаравме за пораките од Чикаго кои треба да ја охрабрат и Македонија и Црна Гора на патот кон НАТО“, ијзави Вујановиќ.

На прашање кога двете земји може да се надеваат на членство во НАТО и во ЕУ, Иванов посочи дека Македонија веќе го прави првиот чекор, а тоа го прави и Црна Гора и се очекува во јуни да почнат преговори за членство.

„Битно е да се почне, а потоа со секој исчекор се приближувате до целта. Точен датум никогаш не може да се даде во денешните услови во кои живееме“, истакна Иванов.

На денешната средба повторено е дека односите меѓу Македонија и Црна Гора се без отворени прашања и оти се развиваат во духот на заемната соработка и пријателство. Констатирано е дека постојат повеќе меѓудржавни договори во економијата, но дека треба да се работи уште повеќе на подобрување на економските односи. Двајцата претседатели ги отвриле и темите за туризмот. Разговарано е и за проблемот за поврзување во сообраќајот особено во авиосообраќајот и нагласена е потребата од ставање во функција на авионска линија на релација Скопје - Подгорица.