Деветата годишна министерска конференција за соработка на полето на граничната безбедност во Југоисточна Европа беше отворена во Скопје. Настанот е во организација на македонското Министерство за внатрешни работи, а под покровителство на данското претседателство со Советот на ЕУ.
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска изрази уверување дека собирот ќе даде нов квалитет во националната но и во меѓународната безбедност.
„Задоволство ми е што во соработката со Центарот за безбеднос и развој на владеењето на правото, денес и утре ќе бидеме домаќини на 25 земји и осум меѓународни организации, што е гаранција за квалитетни дискусии и размена на искуства.“
Неопходноста од заедничко дејствување против сите закани и опасности не прави сојузници, рече Јанкуловска на отворањето на настанот.
„Развивањето на идејата за создавање на сигурни и безбедни граници и развивањето на концептот на гранично управување, не обедини во овој сојуз кој опстојува веќе десет години.“
Претставникот на Данското претседателство Николај Ларцов ја посочи важноста на соработката.
„Силна и добро изградена соработка е суштинска за слободата на луѓето. Истовремено, истата таа соработка е суштинска за зачувување на безбедноста во Европската унија и ни овозможува да се бориме против прекуграничниот криминал.“
На конференцијата се обрати и словенечкиот амбасадор во Република Македонија Алан Брајан Бергант, во името на отсутниот словенечки министер за внатрешни работи. Координацијата и комплетарноста на иницијативите треба да продолжи и секогаш да биде пред поединечните интереси на секоја држава затоа што на таков начин ќе се унапреди безбедноста во регионот, рече Бергант .
Инаку, на настанот присуствуваат министрите за внатрешни работи на Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, како и заменици министри и високи функционери во министерствата за внатрешни работи на Молдавија, Романија, Албанија, Чешка, заедно со претставници на ЕК, Еуропол, Фртонтекс, како и претставници на дипломатскиот кор во земјава.
Развивањето на идејата за создавање на сигурни и безбедни граници и развивањето на концептот на гранично управување, не обедини во овој сојуз кој опстојува веќе десет години.Гордана Јанкуловска,Министерка за внатрешни работи .
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска изрази уверување дека собирот ќе даде нов квалитет во националната но и во меѓународната безбедност.
„Задоволство ми е што во соработката со Центарот за безбеднос и развој на владеењето на правото, денес и утре ќе бидеме домаќини на 25 земји и осум меѓународни организации, што е гаранција за квалитетни дискусии и размена на искуства.“
Неопходноста од заедничко дејствување против сите закани и опасности не прави сојузници, рече Јанкуловска на отворањето на настанот.
„Развивањето на идејата за создавање на сигурни и безбедни граници и развивањето на концептот на гранично управување, не обедини во овој сојуз кој опстојува веќе десет години.“
Силна и добро изградена соработка е суштинска за слободата на луѓето. Истовремено, истата таа соработка е суштинска за зачувување на безбедноста во Европската унија и ни овозможува да се бориме против прекуграничниот криминал.Николај Ларцов, преставник на данското претседателство.