Прилепскиот градоначалник Марјан Ристески најави дека за најдоцна три години ќе почне да функционира пречистителната станица во градот.
Со европска донација од 14,5 милиони евра во Прилеп годинава ќе почне изградбата на пречистителна станица. Финансиската конструкција чини 20 милиони евра, а остатокот средства ќе се обезбедат од државниот буџет. Ако активностите течат непречено, најдоцна за три години водите од Градска Река ќе бидат пречистени.
„Станува збор за најголем проект што ќе се финансира на ниво на Република Македонија, па и пошироко на Балканот, еден од најголемите проекти со европски пари за негова реализација, односно комплетен третман на отпадните води во Прилеп и изградба на современа пречистителна станица“, вели градоначалникот Марјан Ристески.
Тој ги истакнува бенефитите на градот со изградба на овој објект. Прилеп за прв пат би добил чиста вода во Градска Река. А, тоа ќе придонесе да се подобри и биодиверзитетот во реките каде што се слива.
„Главен реципиент на Градска е Црна Река, па преку Црна оваа вода, се слива и врви низ еколошки најчистата област во Македонија и најненаселена, тоа е мариовскиот крај. Па после изградбата на акумулациите Чебрен и Галиште во иднина, квалитетот на водата во акумулациите ќе биде на многу високо ниво. Тоа значи дека во блиска иднина за 10-15 години и мариовскиот крај ќе биде доста атрактивен за одгледување на голем број земјоделски култури“, потенцира Ристески.
Најголемите придобивки сепак ќе ги имаат земјоделците кои водата од реката и досега ја користат за полевање на бавчите, и тоа во сите рурални средини по течението на реката до сливот во Црна Река. Иако во моментов, според анализите на медицинските стручњаци од прилепскиот Центар за јавно здравје, реката припаѓа на 5 категорија според својата загаденост и не смее никако да се користи за полевање на земјоделски култури.
„Што значи сите земјоделски култури кои ќе се произведуваат во Прилепско Поле во иднина ќе бидат со највисоки еколошки стандарди за извоз на пазарите секаде и во Европа и во светот“, вели Ристески.
Тој најавува дека ако успешно се реализира овој проект, по 3 години ќе започне втората фаза. Ќе следи дополнување со доизградба на колекторски систем и менување на канализационата мрежа во градот, што реално може да се очекува во 2014 година. Овој проект е во вредност од 10 милиони евра.
Изградбата на пречистителна станица за прилепчани значи и решавање на уште еден мошне значаен комунален проблем. Општинарите најавуваат дека по реализација на проектот, ќе се пристапи кон темелно и целосно уредување на речното корито, со трим патеки и хортикултурно уредување, што ќе му даде нов лик на градот.
Станува збор за најголем проект што ќе се финансира на ниво на Република Македонија, па и пошироко на Балканот, еден од најголемите проекти со европски пари за негова реализација, односно комплетен третман на отпадните води во Прилеп и изградба на современа пречистителна станица.Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.