Влијателниот американски сенатор Дик Лугар предлага закон со кој од претседателот Барак Обама се бара пред самитот на Алијансата во Чикаго да биде донесен план за членство на Македонија, БиХ, Црна Гора и Грузија во НАТО.
Американскиот Сенатор Дик Лугар објави нацрт – закон за потикнување на натамошно проширување на НАТО и за продлабочување на стратегиските партнерства на САД. Тој со овој закон го повикува претседателот Обама да обезбеди јасен план за членство на Босна и Херцеговина, Грузија, Македонија и Црна Гора на самитот на Алијансата во мај во Чикаго.
„Јас се надевам дека Сенатот ќе го усвои овој закон пред самитот на НАТО во Чикаго“, изјави Лугар кој е еден од највидните републиканци во Комитетот за надворешни односи на Сенатот на САД.
„Проширувањето на НАТО е клучен елемент за подобрување на стабилноста и политичките реформи меѓу новите демократии на Централна и Источна Европа и на Балканот", наведува Лугар.
Според него, изгледите за членство во НАТО не само што ја подобруваат регионалната безбедност, туку помагаат во трансформацијата на земјите во блиски економски и безбедностни партнери на САД.
Со овој закон, ако биде усвоен, за првпат во легислативата на САД, Македонија, БиХ, Црна Гора и Грузија, се сметаат како земји апиранти.
Во законот на Сенаторот Лугар се бара од Конгресот да дава извештаи за американските напори како и за подготвеноста на овие земји да станат членки. Доколку законот биде одобрен, Босна и Херцеговина и Црна Гора ќе бидат во можност да добиваат американска помош за пристап кон НАТО, а на Грузија и на Македонија оваа поддршка ќе им биде уште еднаш потврдена.
Проширувањето на НАТО е клучен елемент за подобрување на стабилноста и политичките реформи меѓу новите демократии на Централна и Источна Европа и на БалканотДик Лугар, американски сенатор.