Група ирански жени снимија видео во кое се појавуваат топлес во знак на протест против политичкиот ислам. Видео-клипот е постиран на Јутјуб по повод Осми март, Меѓународниот ден на жената.
Во несекојдневен провокативен потег, група ирански жени се појавуваат во видеото од 30 секунди, разголени од половина нагоре, при што ги кажуваат и причините за покажување на нивното тело.
Наместо оние што сакаат, но не можат.
Верувам во еднаквост меѓу мажите и жените.
Мојата голотија не е за каменување.
Мои мисли, мое тело, мој избор.
Мојата голотија е „НЕ“ на политичкиот ислам.
Зошто не? Јас сум жена.
Во пораката исто така се кажува дека видеото било направено и објавено како поддршка на календарот на кој друга група жени позираат голи во чест на екипетската активистка и блогерка Алија Магда Елмахди. Таа минатата година на нејзиниот блог постираше слики на која е гола, а во знак на протест против угнетувањето на жените во Египет.
Нејзиниот акт предизвика скандал во конзервативното египетско општество, а нејзиниот живот беше загрозен.
Иранската актерка Голшифтех Фарахани неодамна исто така објави видео и слики со нејзиното голо тело како дел од заеднички уметнички проект со други француски актерки за промоција на идејата за телесна и уметничка слобода.
Тоа предизвика вистинска тревога меѓу Иранците. Некои ја осудија популарната актерка за неморалност, но други ја пофалија за нејзината храброст.
Голотијата е табу тема во муслиманските земји, вклучувајќи го Иран, каде што под строгиот кодекс на облекување што го има воведено исламскиот режим, жените често се малтретирани и апсени дури и ако покажат малку од нивната коса или од нивните раце.
Откако Фарахани позираше топлес, некои на социјалните мрежи сугерираа дека повеќе жени треба да го следат нејзиниот пример со цел да почнат да ги уриваат табуата во арапскиот свет.
И најновото видео почна да предизвикува реакции. Една Иранка напиша на Фејсбук дека муслиманките кои позираат голи испраќаат силна порака.
„Мислам дека ова буквално претставува начин да си го вратите вашето тело“, вели таа.
Но, некои критичари сметаат дека ваквата протестна акција може да доведе до поинаква реакција, односно до давање повеќе „докази“ на екстремните религиозни струи за, како што наведуваат, штетниот ефект на западното општество.

Мислам дека ова буквално претставува начин да си го вратите вашето тело.Реакција на Иранка на социјалните мрежи.