Во Иран, властите наметнаа строг исламски кодекс на однесување. Иранците, посебно младата популација, се обидуваат да ги заобиколат.
Забрането во Иран

1
Луда фризура - Властите ги предупредуваат Иранците против западно трендовските фризури. Во јули беше издадена листа на дозволени фризури според исламската вера. Прифатлива е само кратка коса.

2
Музика - Рокенрол, рап, и џез концерти се постојано присутни на андерграунд сцената во Техеран. Но, врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Камнеи, на 2 август прогласи дека таа музика не е компатибилна со исламските вредности и не треба да се практикува во земјата.

3
Нестле - Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад на 1 јуни ги повика Иранците да ги бојкотираат Нестле и другите западни брендови кои прават бизнис со Израел. Сепак, со оглед на тоа што Иранците сакаат слатки не се очекува тие и да го прифатат бојкотот.

4
Гласно смеење - Не, сериозно, гласната смеа во иранскиот Шираз Универзитет за медицински науки беше забранета на 10 мај, како дел од новиот кодекс на однесување на универзитетот. Помладата генерација на Иран, која претставува две третини од населението, често се противат на обидите на владата да го контролира нивниот приватен и јавен живот, вклучувајќи ги и облеката, фризурата и шминката.