Од денеска и на Србија и е отворен патот кон ЕУ. Добивањето на кандидатскиот статус е дело на компромис – резултат на дијалогот со Приштина, не пропуштија да подвлечат првите луѓе на Унијата. Хрватска по компромисот со Словенија е речиси веќе членка на ЕУ, а датумот за преговори за Црна Гора е само прашање на ден. Македонија, за жал, е блокирана од Грција. Но, дали македонскиот проблем е несовладлив и е поголем од оној на Хрватска или Србија. Секоја планина своја тежина.
„Ние се согласивме ноќеска да и дадеме на Србија кандидатски статус.Тоа е извонредно постигнување. Тоа е резултат на напорите што во дијалогот ги постигнаа Белград и Приштина. Се надевам дека Белград ќе продолжи да ја подржува регионалната соработка.“
Ова беа зборовите на Херман ван Ромпеј, кој патем по втор пат го доби мандатот како Претседател на Европскиот совет. Унијата е презадоволна. Постигнат е компромис во името на европските вредности и со Романија, која наводно се обидела да го поврзе добивањето на кандидатски статус на Србија со примањето во шенгенскиот простор. Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо вели:
„Тоа е добра одлука и покажува дека Европската унија и натаму е многу привлечна.“
И тоа е веројатно за повеќето е така, но тоа по балканскиот пример покажува дека се бараат одредени жртви, кои за некои се големи остапки, а за други несовладливи пречки.
Секоја планина своја тежина
Дали навистина дипломатијата и имагинацијата за тоа како да се надмине проблемот со Грција не функционира во македонскиот случај? Секоја планина своја тежина, и за некои македонскиот проблем е несовладлив, затоа што Грција е не компромисна, ќе речат некои наши аналитичари.
Политикологот Владимир Божиновски смета дека македонскиот билатерален спор, не може да се спореди со оние на соседите.
„Не можам да го изедначам она што се случи со Србија и Косово и она што се случи со Хрватска и Словенија. Во случајот Србија-Косово имаше расположение од двете страни да најдат компромис, а Грција во моментот не гледа никаква корист за себе од решавање на тој спор.“
Но, Божиновски, исто така, додава и дека Во Македонија не постои ниту идеја произлезена од какви и да е стручни тимови, интелектуалци или политичари којашто би можела да биде основа за откочување на процесот со Грција.
Од друга страна, професор Стево Пендаровски додава дека Македонија е заглавена во обвинување на другата страна. На овој начин само покажува дека е неподготвена за државнички потези, како Србија, која се реши на ваков договор на два месеци пред одржување на парламентарните избори во земјата, што може да и донесе само негативни поени на актуелната гарнитура. Во Македонија, како што додава, се случуваат обратни процеси, се работи само за сопствениот рејтинг и не подалеку од еден политички мандат.
Тоа е добра одлука и покажува дека Европската Унија и натаму е многу привлечна.Жозе Мануел Баросо,Претседател на ЕК.
Ова беа зборовите на Херман ван Ромпеј, кој патем по втор пат го доби мандатот како Претседател на Европскиот совет. Унијата е презадоволна. Постигнат е компромис во името на европските вредности и со Романија, која наводно се обидела да го поврзе добивањето на кандидатски статус на Србија со примањето во шенгенскиот простор. Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо вели:
Не можам да го изедначам она што се случи со Србија и Косово и она што се случи со Хрватска и Словенија. Во случајот Србија-Косово имаше расположение од двете страни да најдат компромис, а Грција во моментот не гледа никаква корист за себе од решавање на тој спор.Владимир Божиновски, политиколог.