Протести поради недоверба во институциите

Протестите против полициска бруталност, јули, 2011.

Граѓаните се помалку имаат доверба во полицијата и во судството. Протестите се притисок врз институциите да ги почитуваат законите и да работат како што треба.
Одржувањето на денешните протести во повеќе градови низ земјата ја покажуваат големата недоверба на граѓаните кон институциите, анализира стручната јавност. Протестите се притисок врз институциите да ги почитуваат законите и да работат како што треба, вели професорот Владимир Пивоваров.
Онаму каде што се протестира, се укажува, тоа е сигнал до надлежните да ги преземат мерките, бидејќи тоа може да излезе од контрола, а тоа е најнепосакуваното за секое општество, тоа е најмалку што е потребно за Македонија на патот кон ЕУ.
Владимир Пивоваров, професор.

„Онаму каде што се протестира, се укажува, тоа е сигнал до надлежните да ги преземат мерките, бидејќи тоа може да излезе од контрола, а тоа е најнепосакуваното за секое општество, тоа е најмалку што е потребно за Македонија на патот кон ЕУ.“

Постојат повеќе причини за ваквата недоверба. Во корумпираноста на нивното функционирање и притисокот на извршната власт врз правосудните органи, Пивоваров ги гледа главните виновници за ваквата состојба во општеството.

„Митото, корупцијата во сите институции, на сите инстанци и

Полицаец уби двајца луѓе во Гостивар.

политиката има големо влијание на институциите, особено врз истражните органи, потоа врз судството, врз останатите институции.“

Експертите велат дека убиството во Гостивар многу лесно може да ги подгрее меѓуетничките тензии. Тоа, пак, од друга страна зборува за кревкоста на меѓуетничкото
Протестите фактички манифестираат одредена сериозна недоверба кон институциите на системот, на прво место кон тие институции кои се одговорни, повикани за стабилност, безбедност, за гаранција на човековите слободи и права, нивните имоти, нивното здравје и нивниот живот.
Осман Кадриу, професор.
општество во кое живееме, за проблемите како што се невработеноста, сиромаштијата, политизацијата и други кои само го зголемуваат незадоволството кај народот. Во такви услови, експертите посочуваат дека многу лесно се нарушуваат меѓуетничките тензии.

Професор Осман Кадриу вели дека убиството на двете момчиња во Гостивар од страна на полициски службеник е директен удар врз меѓунационалните односи во земјава.

„Овој акт што сега се случи преставува директен атак врз меѓунационалните односи во нашата држава и сигурно дека ќе има одредено пореметување во таа смисла.“

И според Кадриу, протестите се сериозен сигнал дека луѓето не им веруваат на органите на власта, особено на полицијата и судството.

Обидите на полицијата да сокријат или премолчат некои факти во одредени поранешни случаи, како и неказнувањето на одредени сторители за извршувањето кривични дела се една од причините луѓето да го изразуваат својот револт низ улиците, вели Кадриу.

„Протестите фактички манифестираат одредена сериозна недоверба кон институциите на системот, на прво место кон тие институции кои се одговорни, повикани за стабилност, безбедност, за гаранција на човековите слободи и права, нивните имоти, нивното здравје и нивниот живот.“

Според експертите, последното убиство и влијанието на ваквите инциденти врз меѓуетничкиот соживот потврдуваат дека државата мора да работи на подобрување и усовршување на односите меѓу сите етнички заедници во Македонија.