Полицаецот, кој не бил на должност, попладнево застрелал двајца мажи во Гостивар, соопшти МВР. Според информациите на полицијата, осомничениот пукал со службениот пиштол. На убиството му претходела расправија за паркинг место на кое осомниченит сакал да го паркира своето приватно возило.
„Веднаш по вербалната расправија околу паркинг местото, дошло и до физичка пресметка, во која, според изјавата на осомничениот, истиот бил нападнат од страна на 4 лица и истиот за да се одбрани од нападот, според негово кажување, испукал два куршуми во воздух, а потоа пукал и кон напаѓачите“, изјави Иво Котевски, портпарол на МВР.
Од истрелите биле погодени двајца луѓе. Тие по инцидентот биле префрлени во болниц, но таму само констатирале смрт.
Од МВР соопштуваат дека осомничениот е приведен во полиција и со него се разговарало, додека екипи на крим техника се на местото на инцидентот и го истражуваат случајот.
Полицаецот има 39 години и работел на обезбедување на државната граница со Косово. Застрелнаите биле на возраст од 26 и 29 години.
Според изјавата на осомничениот, истиот бил нападнат од страна на 4 лица и истиот за да се одбрани од нападот, според негово кажување, испукал два куршуми во воздух, а потоа пукал и кон напаѓачите.Иво Котевски, портпарол на МВР.