Јас со чисто срце можам да кажам дека не го убив вашиот син, сведок ми е господ бог. Ако сакате обвинет тука стојам пред вас, но ако ја сакате целата вистина не гледајте во мене. Со овие зборови им се обрати специјалецот Игор Спасов на семејството Нешкоски во завршните зборови во Судот.
Тој изјави дека може слободно во очи да го погледне семејството на Мартин Нешкоски зашто тој како што вели не го убил нивниот син односно не го удрил Мартин во главата, удар кој е причина за смртта на Нешкоски според вештите лица.
На овој говор, мајката на Мартин, Ленка Нешкоска со солзи во очите праша „Кажи кој го уби ако не си ти? Зошто е убиен мојот син?“ На овие прашања, таа не доби одговор. По завршните зборови во Судот, таткото на Мартин, Драган Нешкоски упати една порака.
„Ова е порака до сите нации и генерации дека совеста е најголем судија, тоа да го имаме предвид.“
Во завршните зборови, Спасов отвори нова дилема дека некои работи не биле одговорени во процесот и дека постои можност Мартин да бил удрен пред тој да почне да го брка, за време на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ на 5 јуни минатата година на плоштадот Македонија во Скопје. За оваа дилема, адвокатот на Спасов, Ване Андреев вели дека прв пат ја слушнал денеска во судницата.
„Тоа јас денеска прв пат го слушнав на судењето. Претспоставувам дека тоа било неговата одбраната во делот на таа службена тајна што сакал да ја каже, во делот на одбраната што како и било, но тој јасно кажа се, се произнесе, ние ја дадовме одбраната па судот нека цени.“
Андреев, во завршните зборови на одбраната, истакна неколку контрадикторности за кои, како што вели, доколку судот им верува на писмените извештаи на Министертвото на внатрешни работи тогаш ќе се дојде до заклучок дека обвинетиот не бил на местото на настанот.
„Доколку работното место го напуштил во 00:10 минути, а настанот се случил на плоштадот во 00:15 или 00:20 минути, истиот физички не можел да стигне на местото на настанот. Неспорно е дека тој бил таму и неспорно е дека многу порано го напуштил работното место, но токму тоа е во контардикторност со писмените докази.“
Одбраната побара обвинетиот Спасов да се ослободи од обвинетието, а доколку судот смета дека постои вина, тогаш да ги земе предвид моментите изнесени од одбраната и тоа да влијае врз висината на казната. Андрев додаде дека со тоа што Спасов се појавил пред судот не значи дека го признава делото туку дека покажал одговорност, затоа што во целиот случај не се докажал мотивот за убиството ниту умислата.
Обвинителството и адвокатот на семејството бараат да му се суди на Спасов за убиство со умисла.
„Побаравме да биде прогласен за виновен иако сметавме дека во неговото дејствување има квалифициран облик на кривично дело каде што казната не е пет години минимум него е 10, сметаме дека има убиство на свиреп и подмолен начин, затоа ние сметаме дека е тоа така, меѓутоа не сме областени тужители“, вели полномошникот на семејството Нешкоски, Сашко Дукоски.
Обвинителството во завршните зборови истакна дека според рапосредот за работен ангажман на Министерството за внатрешни работи и исказите на неговите колеги, работното време на специјалецот завршило половина час пред полноќ, односно пред да се случи инцидентот што значи дека Спасов бил самоиницијативно на прославата каде што го извршил убиството.
На ваквата констатација на обвинителката, Спасов истакна дека не може да им се лути на неговите колеги затоа што ги разбира зашто морале така да кажат.
Овој пат во судницата обвинетиот Спасов се појави избричен и потстрижан, додека за време на сослушување на сведоците тој беше со долга брада и подрасната коса, видно ослабен, па голем дел од сведоците на настанот не можеа со сигурност да го идентификуваат напаѓачот.
По денешните заврши зборови на одбраната и обвинителството се очекува пресудата да биде донесена наредниот понеделник.
Кажи кој го уби ако не си ти? Зошто е убиен мојот син?Ленка Нешкоска, мајка на убиениот Мартин.
Тој изјави дека може слободно во очи да го погледне семејството на Мартин Нешкоски зашто тој како што вели не го убил нивниот син односно не го удрил Мартин во главата, удар кој е причина за смртта на Нешкоски според вештите лица.
На овој говор, мајката на Мартин, Ленка Нешкоска со солзи во очите праша „Кажи кој го уби ако не си ти? Зошто е убиен мојот син?“ На овие прашања, таа не доби одговор. По завршните зборови во Судот, таткото на Мартин, Драган Нешкоски упати една порака.
„Ова е порака до сите нации и генерации дека совеста е најголем судија, тоа да го имаме предвид.“
Доколку работното место го напуштил во 00:10 минути, а настанот се случил на плоштадот во 00:15 или 00:20 минути, истиот физички не можел да стигне на местото на настанот. Неспорно е дека тој бил таму и неспорно е дека многу порано го напуштил работното место, но токму тоа е во контардикторност со писмените докази.Ване Андреев, адвокат на обвинетиот Игор Спасов.
Во завршните зборови, Спасов отвори нова дилема дека некои работи не биле одговорени во процесот и дека постои можност Мартин да бил удрен пред тој да почне да го брка, за време на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ на 5 јуни минатата година на плоштадот Македонија во Скопје. За оваа дилема, адвокатот на Спасов, Ване Андреев вели дека прв пат ја слушнал денеска во судницата.
„Тоа јас денеска прв пат го слушнав на судењето. Претспоставувам дека тоа било неговата одбраната во делот на таа службена тајна што сакал да ја каже, во делот на одбраната што како и било, но тој јасно кажа се, се произнесе, ние ја дадовме одбраната па судот нека цени.“
Андреев, во завршните зборови на одбраната, истакна неколку контрадикторности за кои, како што вели, доколку судот им верува на писмените извештаи на Министертвото на внатрешни работи тогаш ќе се дојде до заклучок дека обвинетиот не бил на местото на настанот.
Побаравме да биде прогласен за виновен иако сметавме дека во неговото дејствување има квалифициран облик на кривично дело каде што казната не е пет години минимум него е 10, сметаме дека има убиство на свиреп и подмолен начин, затоа ние сметаме дека е тоа така, меѓутоа не сме областени тужители.Сашко Дукоски, полномошник на семејството Нешкоски.