Неколку дена пред средбата со неговиот грчки колега Пападимос, премиерот Груевски признава дека нема големи очекувања од претстојната средба.
Песимизмот на премиерот Никола Груевски во однос на решението на спорот за името, како и евроатланската иднина на Македонија, според домашната јавност е непотребен и несериозен. Иако во последните три години речиси и да нема некаков напредок во однос на спорот, тоа не треба да биде алиби за изјавите на Груевски дека проблемот за името ќе потрае и оти најверојатно годинава Македонија нема да стане членка на НАТО, коментира политичкиот аналитичар Петар Арсовски.
„Премиерот треба да расчисти со себе дали сака да влезе во ЕУ и НАТО или не, па доколку се бори за ЕУ и НАТО да почне да се бори, а доколку не, тогаш да се откаже од тоа. Ваквите најави дека нема да влеземе, а сепак се бориме
се дефакто прикаски за мали деца. Од друга страна, уште полошо би било да се подгреваат некакви надежи кои подоцна би биле урнати.“
Спротивно на ваквите тврдења, универзитетскиот професор Алајдин Демири вели дека песимистичкиот тон во изјавите на Груевски е еден вид тактика. Груевски, вели Демири, се обидува да прави притисок врз Грција да преземе иницијатива и да понуди некакво решение за коешто ќе се преговара.
„Овој песимизам на Груевски во суштина е неговото оружје за да влезе на голема врата во преговорите, меѓутоа тоа е невозможно. Грција нема намера да попушти, поготово не сега.“
Но каков впечаток, пак, пред Меѓународната заедница оставаат ваквите јавни настапи на Груевски исполнети со сомневање во однос на евроатлантската интеграција на земјава и брзо решение на проблемот за името?
„Како на несериозен партнер. Ние имавме еден таков случај кога Љубчо Георгиевски почна да ја обвинува меѓународната заедница дека Алијансите ни ковале заговор и тн. Таква порака се насетува од изјавите на премиерот и тоа е можеби најголемата штета што ќе ни ја направи со овие изјави“, вели Арсовски.
„Меѓународниот фактор е трезвен, размислува со студена глава и не верувам дека таквите изјави на Груевски оставаат впечаток врз меѓународниот фактор“, изјави Алајдин Демири.
Неколку дена пред средбата на Груевски со неговиот грчки колега Пападимос, тој признава дека нема големи очекувања од претстојната средба. Во неодамнешното интервју за германскиот весник Ди Велт, Груевски вели дека грчкиот премиер има доволно други проблеми, така што не е оптимист дека средбата ќе донесе нови моменти.
Иако немаше нов предлог за време на последната посета на медијаторот Метју Нимиц во Скопје, тој изјави дека е потребно што побрзо решавање на спорот за името, затоа што тоа го засега регионот, Европа, светот и светската безбедност. Нимиц потенцираше дека спорот се води исклучиво околу името на државата, а не и околу идентитетот. Притоа изрази надеж дека ќе се најде начин за забрзување на процесот.
Премиерот треба да расчисти со себе дали сака да влезе во ЕУ и НАТО или не, па доколку се бори за ЕУ и НАТО да почне да се бори, а доколку не, тогаш да се откаже од тоа. Ваквите најави дека нема да влеземе, а сепак се бориме
се дефакто прикаски за мали деца. Од друга страна, уште полошо би било да се подгреваат некакви надежи кои подоцна би биле урнати.Петар Арсовски, политички аналитичар.
„Премиерот треба да расчисти со себе дали сака да влезе во ЕУ и НАТО или не, па доколку се бори за ЕУ и НАТО да почне да се бори, а доколку не, тогаш да се откаже од тоа. Ваквите најави дека нема да влеземе, а сепак се бориме
се дефакто прикаски за мали деца. Од друга страна, уште полошо би било да се подгреваат некакви надежи кои подоцна би биле урнати.“
Спротивно на ваквите тврдења, универзитетскиот професор Алајдин Демири вели дека песимистичкиот тон во изјавите на Груевски е еден вид тактика. Груевски, вели Демири, се обидува да прави притисок врз Грција да преземе иницијатива и да понуди некакво решение за коешто ќе се преговара.
„Овој песимизам на Груевски во суштина е неговото оружје за да влезе на голема врата во преговорите, меѓутоа тоа е невозможно. Грција нема намера да попушти, поготово не сега.“
Овој песимизам на Груевски во суштина е неговото оружје за да влезе на голема врата во преговорите, меѓутоа тоа е невозможно. Грција нема намера да попушти, поготово не сега.Алајдин Демири, универзитетски професор.