Достапни линкови

Нимиц - Спорот за името ја засега светската безбедност


Средба на премиерот Никола Груевски со посредникот на ОН Метју Нимиц во Скопје.
Средба на премиерот Никола Груевски со посредникот на ОН Метју Нимиц во Скопје.

Нимиц смета дека сега не е најдоброто време за нов предлог. Ќе ја даде неговата проценка за тоа откако ќе завршат и разговорите во Атина.

На македонските власти им ги пренесов ставовите на ОН и на меѓународната заедница за решавање на спорот за името што е можно побрзо, затоа што тоа го засега регионот, Европа, САД, светот и светската безбедност и се надевам дека ќе најдеме начин за забрзување на процесот, изјави медијаторот Нимиц откако ги реализира сите планирани средби во Скопје со премиерот Груевски и претходно со министерот за надворешни работи и со шефот на државата.
Предлози давам само кога сметам дека тоа е корисно. За жал процесот траеше многу долго. Како претставник на ОН не давам предлози доколку сметам дека не е вистинско време за тоа.
Метју Нимиц, посредник на ОН во спорот за името меѓу Македонија и Грција.

„Не ставив ништо ново на масата, но ова претставуваше многу повеќе од една мисија за изнаоѓање на факти. Ова беше еден длабок разговор за ставовите и за изнаоѓање на најдобриот начин како да се продолжи“, изјави медијаторот на крајот од разговорите во Скопје, при што, како што појасни, не мисли дека сега е најдоброто време да се даде нов предлог и дека неговата проценка околу тоа ќе ја даде откако ќе завршат и разговорите во Атина.

„Предлози давам само кога сметам дека тоа е корисно. За жал процесот траеше многу долго. Како претставник на ОН не давам предлози доколку сметам дека не е вистинско време за тоа.“

На новинарско прашање, медијаторот повтори дека спорот меѓу Македонија и Грција се води исклучиво околу името на државата, но не и околу идентитетот. Но медијаторот не можеше да одговори дали Македонија може да очекува членство во меѓународните организации под привремената референца, бидејќи како што рече, тоа зависи од самите организации.
Нимиц на средбa со Попоски
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:57 0:00
Директен линк
Што се однесува до одлуката на Меѓународниот суд на правдата, медијаторот рече дека таа се однесува на двете страни и тие мора да ја почитуваат, исто како што треба да ја почитуваат и времената спогодба чии потписнички се.

Претставниците на македонските власти излегоа со соопштение. Шефот на државата, како што се вели во соопштението од неговиот кабинет, на средбата со медијаторот рекол дека решение околу името не е можно доколку тоа не го почитува достоинството на граѓаните на Македонија и ако на било каков начин задира во идентитетските прашања и не е во согласност со меѓународното право. Иванов, како и министерот за надворешни работи Попоски, го потенцирале значењето на пресудата од Хаг за да ги аргументираат конструктивноста на македонската страна во преговорите и придонесот во негувањето на добрососедските односи. В среда, Нимиц ќе има средби во Атина.
XS
SM
MD
LG