Од она што државниот врв и го соопшти на јавноста ќе се чека на тоа што има медијаторот Нимиц да донесе во регионот, нови идеи, кои, како што рече премиерот, внимателно ќе се разгледаат или само намера да ги продолжи преговорите кон кои немаше цела година што да додаде ниту една од засегнатите страни во спорот за името.
Климата не е различна ниту сега. Според грчките медиуми, расположението таму е непроменето. Она што македонските власти го најавуваат е, како што соопштија, останување на јасните позиции, според праксата повеќе проследени со една зголемена дипломатска активност со намера да се докаже правдата пред меѓународната заедница отколку фокусирани кон одблокирање на процесот за изнаоѓање решение во спорот за името, како што јасно порачуваат оттаму.
Хашката пресуда, барем според соопштението по петочната координација на државниот врв, ќе биде очигледно главниот аргумент во наредните настапи, секако и на средбите со медијаторот и покрај предупредувањата од повеќето релевантни актери во меѓународната политика дека таа нема политички импликации.
Во истиот дух претседателот Иванов ја продолжи дипломатската офанзива и изминатиов викенд. Од шефовите на државите членки на Алијансата преку писма побара поддршка на самитот во Чикаго повикувајќи се токму на пресудата од меѓународниот суд. Вакво писмо тој испрати и до грчкиот претседател Папуљас. Пред една недела, како претседател на собраниската комисија за надворешни работи Антонио Милошоски до своите колеги од Унијата испрати писмо со слична содржина.
Во меѓувреме пристигна и прифаќањето на понудата за средба што ја испрати пред месец и половина македонскиот премиер, од страна на грчкиот премиер, Пападимос и таа треба да се одржи на почетокот на март. Двете земји продолжуваат да ја играат улогата на поконструктивен партнер од другиот, и во таа насока како што анализираат македонските експерти, Македонија сака да го сврти впечатокот во своја корист.
Од друга страна, како што се коментираат ваквите потези во домашната стручна јавност, конструктвност меѓународната заедница ќе очекува исклучиво во доментот на решавањето на прашањето за името што стана очигледно и по пораките од германската канцеларка Меркел по средбата со Груевски, како и претходно од посетата на заменик помошникот на државниот секретар на САД Филип Рикер.
При дводневната посета на Скопје, Нимиц ќе има средби со министерот за надворешни работи Никола Попоски, шефот на државата Иванов и премиерот Груевски. Утре заминува за Атина.
Она што македонските власти го најавуваат е, како што соопштија, останување на јасните позиции, според праксата повеќе проследени со една зголемена дипломатска активност со намера да се докаже правдата пред меѓународната заедница отколку фокусирани кон одблокирање на процесот за изнаоѓање решение во спорот за името.