Избори догодина, обвинувања сега

Стевче Јакимовски, градоначалник на општина Карпош.

Во рамки на предизборната кампања или не, обвинувањата на власта кон градоначалниците од СДСМ дека нелегално трошат народни пари зема замав. За опозицијата ова е само црна кампања.
Велат дека се далеку локалните избори, но се мириса на земање залет за битката што ќе ја водат уште пожестоко наредната година претставниците на народот на локално ниво. Фокусирањето на обвинувањата кон локалните актери деновиве резултираше со рафални обвинувања кон градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски за нелегално трошење на народните пари, а потоа и за судир на интереси.
Не може да стане збор за изборна кампања затоа што е многу рано за изборна кампања, меѓутоа тоа се работи што се факти, затоа што овие денови тема на дневен ред беше буџетот за 2011 и 2012 година.
Емил Угриновски,Советник во општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ.


Советникот во општина Карпош од редовите на владејачката партија, Емил Угриновски вели дека станува збор само за изнесување докази од тековнотот работење на општината.

„Не може да стане збор за изборна кампања затоа што е многу рано за изборна кампања, меѓутоа тоа се работи што се факти, затоа што овие денови тема на дневен ред беше буџетот за 2011 и 2012 година.“

Емил Угриновски, советник од ВМРО-ДПМНЕ во општина Карпош.


Градоначалникот Јакимовски одговори, ова се само срамни конструкции и лаги насочени против неговата работа. Станува збор само за црна кампања од страна на власта.

„Тврдам дека овие обвинувања од страна на ВМРО-ДПМНЕ се апсолутно непримерни и се дел од нивната црна кампања“, додава Јакимовски.

ВМРО-ДПМНЕ вчера упати
Тврдам дека овие обвинувања од страна на ВМРО-ДПМНЕ се апсолутно непримерни и се дел од нивната црна кампања.
Стевче Јакимовски, градоначалник на општина Карпош.
обвинување кон Јакимовски за издвојување 120 илјади денари за реализација на проект од фирма којашто била сопственост на ќерка на советничка од СДСМ во општина Карпош. Ден пред тоа, советникот во општината од ВМРО-ДПМНЕ, Угриновски обвини за нелегално трошење на парите од буџетот на општината. Станува збор за над еден милион евра, обвинување кое што вели нема намера да го проследи до надлежните органи.

„Не, јас нe можам тоа како советник, ниту пак сакам, ниту имам време, со тоа ќе си се позанимава партијата, ќе си го покрие.“

РСЕ: Мислите дека понатаму ќе биде покренато, процесуирано?

„Не можам да тврдам. Мојата цел беше да знае јавноста, затоа што кружат некои информации дека тој многу добро работи.“

Претходно цел на нападите од страна на власта беше охридскиот градоначалник Александар Петрески. Владејачката партија вели има уште докази за неправиности во работењето на опозициски функционери на локално ниво и најавува нивно обелоденување во континуитет и во наредниот период. Од опозицијата најавуваат одговор.