Достапни линкови

Отчети се нижат, избори се ближат


Велосипедист поминува покрај постери на владејачката партија за предвремените избори 2011.
Велосипедист поминува покрај постери на владејачката партија за предвремените избори 2011.

Партиските пресметки, за тоа кој градоначaлник направил повеќе за својот мандат ги најавува локалните избори. Експертите велат дека овие локални избори ќе претставуваат тест за партиската моќ.

Празниците веќе не одминаа ама затоа изборите се ближат. Почнаа партиските пресметки за тоа кој градоначaлник направил повеќе за својот мандат. Во име на транспарентноста, во весниците може да се прочита и отчет на две страни за сработеното. Почнаа и расправиите на градоначалниците, кој прв почна со кампањата, но ни овој пат не беа заборавени навредите, клеветите и лични дискредитации.

Овој отчет не е само сега. Ние правиме отчет секоја година, впрочем од 2009 година мислам дека и пред тоа, градоначалниците на ВМРО ДПМНЕ даваат отчет. Дали ќе побараме нов мандат има уште време. Важно е да го сработиме тоа што сме го ветиле. Граѓаните на изборите ќе го кажат својот збор.
Коце Трајановски, градоначалник на Скопје.
Партиите на големо се подготвуваат за локалните избори како да се утре, а не догодина во март. Неофицијално се дознава дека се прават и првите пресметки, кој каде да се кандидира, која е добитната комбинација. Но за ова во јавноста се покажува поинаква слика.

Па така, на отчет пред граѓаните излегоа градоначалниците на општина Карпош и на Град Скопје, Стевче Јакимовски и Коце Трајановски. Со слични отчети излегоа и градоначалникот на Кисела Вода Марјан Ѓорчев и неговиот битолски колега Владимир Талески кој дојде дури во Скопје за да даде отчет.

Трајановски неодамна изјави дека со отчетот само сакал да им каже на скопјани што сработил минатата
Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.
Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.
година.

„Овој отчет не е само сега. Ние правиме отчет секоја година, впрочем од 2009 година мислам дека и пред тоа, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ даваат отчет. Дали ќе побараме нов мандат има уште време. Важно е да го сработиме тоа што сме го ветиле. Граѓаните на
Не зборуваме за никаква изборна кампања. Вие гледате дека актуелната владејачка гарнитура, вклучувајќи го и господинот Трајановски, и кога ќе купат канти за смет се рекламираат. Потребно е да се потсетат граѓаните кој во оваа држава само се фали, а кој и ја работи работата.
Стевче Јакимовски, градоначалник на општина Карпош.
изборите ќе го кажат својот збор.“

И Јакимовски по истите стапки кажа што сработил и додаде дека не ги презентира резултатите во функција на кампањата.

„Не зборуваме за никаква изборна кампања. Вие гледате дека актуелната владејачка гарнитура, вклучувајќи го и господинот Трајановски, и кога ќе купат канти за смет се рекламираат. Потребно е да се потсетат граѓаните кој во оваа држава само се фали, а кој и ја работи работата.“

Обвинувањата не завршуваат тука. ВМРО-ДПМНЕ го обвини Јакимовски за перење пари преку соработка на невладини организации со општината. На тоа и СДСМ возврати, па потсети на поранешниот градоначалник на општината, Саша Димиќ, кој, според нивните податоци платил 10 илјади евра на стоматолошка ординација за да ги учи децата во градинките како да ги четкаат забите.

Експертите сметаат дека овие локални избори ќе претставуваат тест за партиската моќ и тест за јавното мислење и перцепција на граѓаните по однос на идните парламентарни
Ако имаме појави како што имавме во досегашниот период во сите избори да преку тие функции се остваруваат одредени лични интереси, тогаш ние може да зборуваме само за појави за девијации, за криминал и така натаму, а тоа не е добро ни за државата ни за граѓаните.
Осман Кадриу, универзитетски професор.
избори. Професор Осман Кадриу вели дека ако на локалните избори повеќе градоначалнички места добие опозицијата, тогаш ќе се отвори можност за нови предвремени парламентарни избори.

Тој додава дека не се исклучува можноста интересот на политичарите за градоначалничките фотелји да е поттикнат и од лични интереси со оглед на тоа што со децентрализацијата општините располагаат со поголеми буџети во однос на минатите мандати.

„Тоа за мене би претставувало девијација на општествениот живот на една држава, ако се поаѓа и од личните, групните или партиските интереси, оние потесните.“

Кадриу вели дека градоначалничкото место е битно политичко прашање во една здрава кадровска политика, затоа што преку оваа функција, треба да се исполни ветената политичка платформа и да ги реши проблемите со кои се соочуваат граѓаните во општините.

„Ако имаме појави како што имавме во досегашниот период во сите избори да преку тие функции се остваруваат одредени лични интереси, тогаш ние може да зборуваме само за појави, за девијации, за криминал и така натаму, а тоа не е добро ни за државата ни за граѓаните.“
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG