Буџетот за следната година е флексибилно скроен, а со тоа Македонија е подготвена за сите можни економски сценарија, изјави мистерот за финансии Зоран Ставрески. Од опозицискиот СДСМ, пак, велат дека буџетот е премногу оптимистички проектиран и е наменет за сиромашни граѓани и за богата Влада. Комисијата втор ден заседаваше за предлог буџетот за 2012-та.
Стартот на расправата на два пати беше одложуван поради бојкотот на ДПА. Пратеникот Имер Алиу во име на партијата се пожали дека парламентарните служби интевенирале во амандамните на партијата и со коректор го избришале името на партијата напишано на албански јазик.
„Ова Собрание во 21 век се осмели како во други времиња да користи коректор и да избрише јазик на еден народ што живее тука.“
Буџетот за наредната година е проектиран на 169 милијарди денари, приходите се предвидени на 159 милијарди денари, а буџетскиот дефицит е 2,5 проценти од БДП. Растот на БДП е проектиран на 4,5 проценти, а инфлацијата на 2,5 отсто. Предвидено е зголемување на капиталните расходи за 28 отсто, а повеќе пари ќе има за образованието, здравството и инфраструктурата.
Министерот за финансии Зоран Ставрески, образложувајќи го Предлог буџетот за 2012 година пред матичната собраниска Комисија, рече дека состојбата со европската економија бара максимална сериозност и максимална внимателност од Владата и од останатите економски субјекти при водењето на економските политики.
„Во тие рамки, буџетот мора да биде флексибилно скроен за да може да се адаптира на состојбите и ризиците доколку е тоа потребно. Буџетот на РМ за 2012 година содржи елементи на таква флексибилност и адаптабилност. Основниот и најзначајниот амортизер на евентуални удари содржан во предложениот буџет за 2012 година е проекцијата на приходите“, потенцира Ставрески.
Опозициските пратеници, членови на Комисијата, оценија дека предложениот буџет е нереален и покажува тенденција на пораз. Марјанчо Николов од СДСМ, кој е и претседател на Комисијата за финасирање и буџет, изјави дека буџетот е само список на желби и го запраша Министерот, зошто проектираат таков буџет?
„Зошто правите така? Затоа што сакате врз основа на пооптимистички проекции да пишувате поголеми приходи и расходи во буџетот, повеќе да трошите.“
Николов вели дека додека буџетот е за богата, трошаџиски настроена Влада, луѓето живеат на кредит.
„До кога ќе живееме на „рабуш“, до кога? Се ќе задолжите и потоа повеќе никој нема да може да ја извади Македонија од тешката ситуација. Ја водите државата кон ситуацијата во некои соседни земји како што е Грција.“
Јани Макрадули праша дали буџетот може да се искористи подобро, за да се подобри животот на граѓаните?
„Овој буџет е наменет за локалните избори 2013 година и сега лицемерие на квадрат е денеска што ни го праќате законот, демек платите ќе се зголемеле за 5%, ама исплатата ќе важи од 2013 година, тоа не е буџетот од 2012 година.“
Пратеничката Владанка Авировиќ од СПМ побараа опозицијата да не гледа толку сиво и да ја сместува земјата настрана од светските случувања.
„Да ја изместите Македонија надвор од тој контекст каде што кризите толку многу се одразија негативно на земјите, економски не држи.“
И Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ, го побара истото и направи неколку споредби како се живеело во времето на СДСМ и како се живее сега.
„А имајте повторно на ум, во време на светска економска криза се градат патишта и се реконструираат патишта во Македонија. Јас не знам како може да прашувате, `по какви патишта се возите и гледате ли дека ништо не е во ред`? И исто така ми давате примери дека немало канализација. Сакате јас да ви прочитам колку водоводи и канализации се направени во изминатите години?“
Претседателот на Комисијата, Николов од СДСМ побара Владата да работи за народот, а не цело време да се натпреварува со СДСМ.
За Предлог буџетот се поднесени над 400 амандмани. Откако Комисијата ќе го прочешла предлог буџетот, тој ќе се најде на собраниска расправа до крајот на неделата.
Во тие рамки, буџетот мора да биде флексибилно скроен за да може да се адаптира на состојбите и ризиците доколку е тоа потребно. Буџетот на РМ за 2012 година содржи елементи на таква флексибилност и адаптабилност.Зоран Ставрески, министер за финансии.
Стартот на расправата на два пати беше одложуван поради бојкотот на ДПА. Пратеникот Имер Алиу во име на партијата се пожали дека парламентарните служби интевенирале во амандамните на партијата и со коректор го избришале името на партијата напишано на албански јазик.
„Ова Собрание во 21 век се осмели како во други времиња да користи коректор и да избрише јазик на еден народ што живее тука.“
Буџетот за наредната година е проектиран на 169 милијарди денари, приходите се предвидени на 159 милијарди денари, а буџетскиот дефицит е 2,5 проценти од БДП. Растот на БДП е проектиран на 4,5 проценти, а инфлацијата на 2,5 отсто. Предвидено е зголемување на капиталните расходи за 28 отсто, а повеќе пари ќе има за образованието, здравството и инфраструктурата.
Се ќе задолжите и потоа повеќе никој нема да може да ја извади Македонија од тешката ситуација. Ја водите државата кон ситуацијата во некои соседни земји како што е Грција.Марјанчо Николов, СДСМ.
„Во тие рамки, буџетот мора да биде флексибилно скроен за да може да се адаптира на состојбите и ризиците доколку е тоа потребно. Буџетот на РМ за 2012 година содржи елементи на таква флексибилност и адаптабилност. Основниот и најзначајниот амортизер на евентуални удари содржан во предложениот буџет за 2012 година е проекцијата на приходите“, потенцира Ставрески.
Опозициските пратеници, членови на Комисијата, оценија дека предложениот буџет е нереален и покажува тенденција на пораз. Марјанчо Николов од СДСМ, кој е и претседател на Комисијата за финасирање и буџет, изјави дека буџетот е само список на желби и го запраша Министерот, зошто проектираат таков буџет?
А имајте повторно на ум, во време на светска економска криза се градат патишта и се реконструираат патишта во Македонија.
Силвана Бонева, ВМРО-ДПМНЕ.