Поголем дел од граѓаните, 50,8 насто очекуваат фер и демократски избори, околу 25 проценти очекуваат делумно фер и демократски избори, а еден од осум граѓани, односно 12,8 отсто стравуваат дека ќе има масовни нерегуларности и насилство на изборите, покажува анкетата спроведена во рамките на проектот „Мојот избор 2011“ од страна на Институтот за демократија.
Според анкетата лиферувана од МЦМС, околу 14 отсто од етничките Албанци стравуваат од масовни нерегуларности и насилство на изборите, а етничките Македонци над 11 проценти. Дваесет и пет отсто сметаат дека нерегуларностите би можеле да бидат во сите форми, 14 проценти дека може да биде со поткупување на гласачите, а само три отсто мислат дека ќе има заплашување на денот на изборите. Од етничките Македонци, 15 проценти мислат дека би можело да се случи поткуп на гласачи, а 19 отсто од етничките Албанци сметаат дека би можело да се случи полнење на кутиите. Осумнаесет проценти од испитаниците сметаат дека полнење кутии би можело да се случи во шестата изборна единица, насилни инциденти во првата и во втората изборна единица очекуваат околу 9 проценти.
На прашањето за изборни нерегуларности, 50 отсто од испитаниците сметаат може да бидат предизвикани од партиите, речиси 10 проценти од граѓаните, околу 7 отсто од локални насилници и само еден процент сметаат дека нерегуларности би се случиле заради неспособноста на изборните органи.
Како причинители на нерегуларности на изборите ги гледаат партиите во втората изборна единица, 28,5 отсто, од партиите на власт во шестата изборна единица - 20,8, од партите во опозиција во петата изборна единица-18,2, од локални насилници во првата изборна единица-10,8 и во шестата изборна единица околу 20 отсто причината ја гледаат во граѓаните.
Околу 30 проценти од испитаниците најчеста причина за изборните нерегуларности ја гледаат незрелоста и недемократичноста на партиите, а најретко или 11 проценти партизацијата на изборните органи и етничката припадност. За постоењето нерегуларности само кај одредени етнички заедници, мислат 14 отсто од етничките Македонци и околи два процени од етничките Албанци.