Достапни линкови

Стравувања од нерегуларности


Бројни кампањи и силна активност на меѓународната заедница за да се осигураат фер и демократски избори
Бројни кампањи и силна активност на меѓународната заедница за да се осигураат фер и демократски избори

Негативната политичка клима и тензичната атмосфера, создава сомнежи за можни нерегуларности на изборите, велат експертите.

Предупредувањата од меѓународната заедница и граѓанскиот сектор, парламентарните избори да поминат без насилство и инциденти за експертите се оправдани, бидејќи и по дваесет години независност земјава не научи како да организира фер и демократски избори. Шефовите
Стравувањата постојат бидејќи политичката клима е доста негативна во смисла на пад на толеранцијата кон човек со различни ставови, така што има реална опасност да овие избори не само да не бидат регуларни, туку и да има насилство.
на мисите на меѓународната заедница ги повика политичките партии да се осигурат дека изборите ќе бидат во согласност со меѓународни демократски стандарди.

Невладината организација „Цивил“ спроведува проект за јакнење на јавна свест, а Институтот за национална демократија кампања под мотото „Каков белег ќе оставиме?“.

Професор Здравко Савески вели дека е страшно тоа што се става под знак прашалник регуларноста на изборите и дали тие ќе поминат мирно.

Политичките партии почнаа со крајно негативна кампања

„Стравувањата постојат бидејќи политичката клима е доста негативна во смисла на пад на толеранцијата кон човек со различни ставови, така што има реална опасност да овие избори не само да не бидат регуларни, туку и да има насилство.“

Поранешниот пратеник, професор Мерсел Биљали вели дека атмосферата е максимално тезнична и нормални се стравувањата дека можно е да има насилство.
Власта практично не се однесува соодветно во предизборната кампања, првенствено таа е доста дискредитирана со листите кои беа објавени во еден медиум и тоа покажува дека самата власт не е заинтересирана за фер и демократски избори.

„Власта практично не се однесува соодветно во предизборната кампања, првенствено таа е доста дискредитирана со листите кои беа објавени во еден медиум и тоа покажува дека самата власт не е заинтересирана за фер и демократски избори и оттука е сомнителен капацитетот и политичката волја на власта.“

Биљали додава дека власта е свесна дека губи од рејтингот и се плаши од својата иднина.

„Посега по нелегални средства за да се дојде до некаков резултат, значи тоа е кршење на слободната волја на граѓаните. Мое мислење е дека власта која сака со нечесни средства да владее не може да очекувате чесни проекти, чесно владеење.“

Тензичната атмосфера која ја креираат партиите создава сомнежи за нерегуларност на изборите

Според Савески, таквиот развој на настаните им одговараа на тие кои сакаат да манипулираат со гласовите.

„Создавање на нетолерантна клима и бегање од јавната дискусија е нешто на што се навлекоа и главната партија на власт и главната партија во опозиција и тоа е еден синџир, спрега која за жал може да доведе до нерегуларни избори. Значи тоа не е толку свесно или директно, колку што е резултат на создавањето на недемократска политичка култура полна со популизам, а не со аргументи.“

Сите партии пред некоја недела потпишаа кодекс за фер и слободни избори, колку ќе се почитува ќе видиме на 5 јуни.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG