Посетата на Нимиц на регионот може да се гледа како оживување на преговорите, но и како суптилен притисок врз Македонија и Грција да го решат спорот, велат аналитичарите.
Ниту со оценката дека средбите што ги направи Нимиц во Скопје се повеќе од обична мисија за изнаоѓање на факти и длабоки разговори околу ставовите како да продолжат преговорите понатаму, ниту со апелот кон Грција дека кризата не може да биде пречка за преговорите за името, како ниту со взаемните уверувања кои што им ги пренесе на страните дека се искрено заинтересирани за решавање на спорот, медијаторот не може да ја оправда својата последна посета на регионот пред познавачите на ова прашање како нешто повеќе од оживување и продолжување на преговорите.
Можеби може да се нотира едно дополнително инсистирање на побрзо решение, повикувајќи се на безбедносното значење на решението на овој спор и за првпат споменувајќи ги освен ОН и заинтересираноста на меѓународната заедница и САД, вели професор Денко Малески.
„Тој елемент го нагласи, што кажува дека нема некакви скорешни решенија, туку повеќе еден апел до двете страни.“
Во перцепцијата на професор Етем Азири, ваквиот настап укажува дури и на преминување на целиот спор во фаза на зголемен притисок на меѓународната заедница.
„За еден софистициран притисок врз двете страни навистина да се повлечат до онаа граница која е корисна и толерантна и за едната и за другата страна.“
Азири потсетува на изјавата на медијаторот дека спорот трае веќе подолго време. Нови предлози и самиот рече дека не би биле корисни во овој момент. Дали ќе има такви ќе се види од неговите наредни чекори, кои како што се очекува и како што и самиот најави, треба да следат по впечатоците добиени од средбите во двете земји.
Според анализата на професор Денко Малески, судејќи според текот на штотуку завршените средби, не можат да се пронајдат аргументи за верување дека се случува нешто под она што и е достапно на јавноста, зашто, како што вели, сосема е јасно дека не постојат поместувања на позициите на двете страни, а работата и покрај дипломатското расчистување од страна на медијаторот дека спорот се однесува исклучиво на името, а не и на идентитетските прашања, тие остануваат суштински проблем и преговорите се најавуваат во нивното долгорочно одложување токму поради неподготвеноста на страните да ги делат своите митови.
Тој елемент го нагласи, што кажува дека нема некакви скорешни решенија, туку повеќе еден апел до двете страни.Денко Малески, универзитетски професор.
Можеби може да се нотира едно дополнително инсистирање на побрзо решение, повикувајќи се на безбедносното значење на решението на овој спор и за првпат споменувајќи ги освен ОН и заинтересираноста на меѓународната заедница и САД, вели професор Денко Малески.
„Тој елемент го нагласи, што кажува дека нема некакви скорешни решенија, туку повеќе еден апел до двете страни.“
Во перцепцијата на професор Етем Азири, ваквиот настап укажува дури и на преминување на целиот спор во фаза на зголемен притисок на меѓународната заедница.
За еден софистициран притисок врз двете страни навистина да се повлечат до онаа граница која е корисна и толерантна и за едната и за другата страна.Етем Азири, универзитетски професор.