Голема потрошувачка за голем трговски дефицит

Владата ја стимулира потрошувачката, а тоа директно влијае на зголемување на трговскиот дефицит, вели поранешниот министер за финансии Никола Попоски.
Растечкиот трговски дефицит претставува ризик за стабилноста на денарот, се согласуваат економистите. Според податоците на Државниот завод за статистика, минусот што Македонија лани го направила во размената со странство се насобрал на 2,55 милијарди американски долари.
Проблем во целата работа е дека колку повеќе имате разлика, односно дефицит, толку повеќе ви се одлеваат девизи од земјата, а практично се трошат девизните резерви и сите фондови што ги имате. Поинаку кажано, ако немате свои пари ќе мора да позајмувате за да го покривате дефицитот.
Сашо Арсов, универзитетски професор.
Покриеноста на увозот со извозот се проценува на 63,6 проценти.

Професор Сашо Арсов вели дека трговскиот дефицит е стар проблем на македонската економија:

„Проблем во целата работа е дека колку повеќе имате разлика, односно дефицит, толку повеќе ви се одлеваат девизи од земјата, а практично се трошат девизните резерви и сите фондови што ги имате. Поинаку кажано, ако немате свои пари ќе мора да позајмувате за да го покривате дефицитот. Затоа е тоа проблематично и незгодно.“

Доколку Македонија нема фиксен курс на денарот со еврото, тогаш растечкиот дефицит би се одразил врз вредноста на домашната валута, објаснува Арсов:

Владин тим во потрага по странски инвестиции во Турција

„Значи, или го имате едното или го имате другото, а и едното и другото не е добро. Значи, или курсот ќе се влошува или девизните резерви ќе се намалуваат, односно земјата ќе се задолжува, затоа е проблемот.“

Една од причините за проблемот е структурата на македонската економија, вели екс – министерот за
Потрошувачката од кој било карактер, јавна или лична и тн., директно влијае на зголемување на трговскиот дефицит зашто се работи за постојан увоз на стоки за таа зголемена потрошувачка, тоа е докажано во Македонија.
Никола Поповски, поранешен министер за финсии.

финансии Никола Поповски.

„Меѓутоа, втората е фискалната политика на владата, која е ориентирана кон потрошувачка. Потрошувачката од кој било карактер, јавна или лична и тн., директно влијае на зголемување на трговскиот дефицит зашто се работи за постојан увоз на стоки за таа зголемена потрошувачка, тоа е докажано во Македонија.“

Владата форсира потрошувачка фискална политика со високи дефицити кои завршуваат како дефицит во трговскиот биланс на земјата, вели Поповски:

„Второ што треба да се прашаме сите заедно, и особено владата, е што се случува со оние странски директни инвестиции во Македонија кои беа најавувани како инвестиции кои ќе работат само за извоз. Тие требаше со својата новододадена вредност во Македонија да го намалат трговскиот дефицит, по логика дека помалку ќе се увезува и ќе се извезува преработена стока, меѓутоа гледаме дека странските инвестиции во Македонија всушност го продлабочуваат или, пак, нивното присуство не придонесе да се намали трговскиот дефицит“, вели Поповски.

Според статистичарите, во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ со 54,3 отсто и земјите во развој со 26,8 отсто.